ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

October 13, 2022 11:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Долготрајните прашања за владеењето на правото и демократијата во Унгарија остануваат во голема мера нерешени оцени  Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и притоа изгласа земјата да се стави под процедура за мониторинг, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Унгарија им се придодаде на десет други земји-членки на Советот на Европа кои моментално се под целосен мониторинг( Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Република Молдавија, Полска, Србија, Турција и Украина), што вклучува редовни посети на известувачи на ПССЕ, тековен дијалог со властите и периодични проценки за тоа колку една земја-членка ги почитува своите обврски и ангажирањата преземени со членството во Советот на Европа .

Во резолуцијата заснована на извештајот на Јоргос Папандреу (Грција, СПЦ) и Ерик-Нилес Крос (Естонија, АЛДЕ), Собранието рече дека широката употреба на основните закони, што бараат двотретинско мнозинство, „сериозно го ограничува политичкиот плурализам, што е белег на еден демократски систем“.

Неодамнешните законски измени и проблеми со изборните закони значат дека сегашната изборна рамка не обезбедува еднакви услови за фер избори, заклучија парламентарците, давајќи низа препораки во однос на изборите, судството и медиумите.

ПССЕ забележа серија од 17 измени на постојните закони минатиот месец кои имаат за цел да го подобрат функционирањето на демократските институции, да ја зајакнат транспарентноста и да ги заострат правилата за конфликт на интереси и ги покани унгарските власти да побараат експертиза од релевантните тела на Советот на Европа за овие промени.

Next Post

Маричиќ: Наше е да продолжиме со реформите, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk