ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ избра ново партиско претседателство, порача другите партии да учат од нив

October 15, 2022 17:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Бујар Османи. Фото: скриншот

Бујар Османи. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи по извршениот избор на новото партиско централно претседателство оцени дека листата со партиски функционери е инклузивна по однос на регионалната претставеност, генерациска и полова застапеност и дека таа едногласно беше поддржана од Централниот совет. Со ова централното претседателство со 37 членови веќе почнува уште наредниот ден да функционира.

На новинарските прашања зошто не се разговараше за отчетноста на членовите кои се во извршната власт, Османи со одговор дека тоа се прави секојдневно, јави дописникот на МИА.

Отчетноста е наша постојана задача. Ние отчетност даваме пред се пред вас, пред јавноста и тоа го правиме најредовно можно. Но, се разбира, имаме должност да бидеме отчетни и кон органите на партијата коишто не има предложено. Сега се формира, т.е. денеска се формираше претседателството и очекувам до крајот на месецот да ја имаме и првата конститутивна средба. Се разбира, таму ако има интерес ќе ги претставиме уште еднаш, истакна Османи.

За тоа дека состанокот кратко траеше, Османи рече дека е така со оглед дека долго е подготвуван.

Не е случајно дека има таква една едногласна поддршка затоа што имаше толку средби. Еве, вчера, на пример, останавме 6-7 часа и претходно индивидуални средби на Ахмети со сите региони. Така што, ова само зборува за добро подготвен состанок, а не зборува за некаква неактивност на членовите на Одборот. Туку, се што имале – кажале. Тоа што можело да се земе во предвид е земено во предвид и денеска е дојден со еден предлог којшто е консензуален, којшто ги задоволува сите и така ја добива поддршката на сите членови, рече Османи.

За време на состанокот немаше поголема дебата, а при избор на членови на претседателството, Талат Џафери побара уште еден потпретседател за гостиварскиот огранок. Претседателот Ахмети тоа го стави на гласање, но не доби поддршка, а Османи го оцени како неможно поради статутарни ограничувања.

Јас без да бидам нескромен би им кажал на другите партии да земаат малку да учат од ДУИ, од тоа како се прави демократија овде – преку широк консултативен процес, преку можност да се даде право секој да си го каже своето мислење па ако треба и јавно тоа да си го каже, бидејќи на тој начин најдобро институционално се канализира енергијата внатре. ДУИ неслучајно е најуспешната организација во регионот со 20 години консекутивни едно подруги победи на сите можни нивоа. Токму заради тоа што има лидер којшто може да ја одржи партијата жива, динамична и да ја адаптира на современите околности и има внатрешен капацитет да различните погледи ги става во функција на една синергична активност на партијата за да добие поддршка на избори, рече Османи.

Партискиот портпарол оцени дека сите интереси во партијата успешно се артикулирани со овие избори на луѓе во претседателството и надзорниот одбор.

Организацијата – политичката партија има интереси да ги претстави граѓаните и електоратот, секој од нас претставуваме одреден електорат специфично од каде што доаѓаме – од населбата, па после од општината, па после од градот итн., пошироко се до целиот електорат кој не поддржува и се разбира – да, ние сме тука да ги поставиме нивните интереси. Не секогаш интересите на мојата наслеба се совпаѓаат со интересите на еден друг град или друго село. Способноста на еден лидер е сите тие различни погледи да ги стави во еден механизам којшто победува и којшто дава резултати. Мислам дека ДУИ ги има двете карактеристики – победува и дава резултати, одговори Османи.

Околу 120-те членови на Централниот совет на ДУИ во Тетово за нешто повеќе од еден час го завршија состанокот, на кој беа избрани 37 члена на централното претседателство, како и седум други функции. Изборот на партиските функционери се направи по предлог на претседателот Али Ахмети кој ги прочита предлозите и ги стави на гласање.

Нови четворица потпретседатели се Бајрам Реџепи од Тетово, Изет Меџити од скопски Чаир, Арбр Адеми од Куманово и Арбана Пашоли од Дебар. За генерален секретар е избран Фатон Амети, организациски секретар Блерим Беџети и секретар за родова застапеност Саранда Имери.

Next Post

Фере: Фудбалерите на Реал знаат како се освојува „Златната топка“

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk