ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Договорот со Фронтекс е конкретно признание за македонскиот јазик

October 17, 2022 14:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако нашите деца си заминат, нема да остане никој што ќе го зборува јазикот на нашите предци, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањетп на почетокот на 7.Отворени денови кои од денеска до петок ги организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Идните генерации треба да останат во нашата држава и затоа концептот и обврска на оваа Влада, рече премиерот, е да бидеме член на Европската Унија до 2030 година за тие овде да имаат иднина. Единствениот предизвик за  јазикот, рече Ковачевски, не доаѓа од исток, запад, југ или од каде било, туку од тука и од нас и дека јазикот не живее само во книжевните дела, туку мора да биде зборуван од луѓето.

Јазикот е нашата татковина – тоа е аманетот на Блаже Конески, чие наследство е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел на македонскиот идентитет и национална култура. Но Конески посочи и дека од нас зависи дали јазичната средина ќе биде загрозена или не. И ова не е помалку важно. Напротив, мотив и обврска е за секој што се смета за продолжувач на неговото дело, истакна Ковачевски.

Биле тешки преговорите со Бугарија, со Франција и со други земји од ЕУ, за да се обезбеди почеток на преговори со ЕУ, рече тој, а како учесник во преговорите и во сите напади што неколку месеци траеле однадвор и однатре,  го имал, како што рече, истото тешко чувство како и македонските граѓани: „како  некој со нож да ви го сече стомакот“.

Но, на крајот на денот, некој мораше да донесе одлука. Таа одлука е за иднината на оваа и иднината на генерациите на децата што доаѓаат – дали ќе избереме концепт со крената глава, како Македонци, со заштитен македонски јазик, да ги отпочнеме преговорите со Европската Унија и да седиме на големата маса во Брисел…  Другиот е концепт на лажна гордост, изолирани, сами, сиромашни граѓани, кои седат на малата маса раскарани и со соседи, и со Европска Унија. Тоа нашите граѓани не го сакаат, истакна Ковачевски.

Покрај во Обединетите нации, македонскиот јазик сега е официјален и во  ЕУ,  нагласи премиерот и додаде дека конкретно признание е одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (Фронтекс) усвоена пред неколку дена од Советот на ЕУ.

Нема никакви додавки, нема никакви ѕвездички. Тоа е првиот договор којшто Македонија го потпишува со Европската Унија и во кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ… Нема повеќе ни поединечни, внимателни формулации од типот: јазикот на Блаже Конески, Матеја Матевски, туку чист македонски јазик. Во официјални изјави на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница денес гласно и јасно, прецизно се  употребува терминот македонски јазик, рече Ковачевски и посочи дека целото законодавство на ЕУ ќе се преведува на македонски јазик и тој е рамноправен со сите други јазици на Унијата.

На потпишувањето на Договорот со Фронтекс, кое ќе биде за неколку недели, тој нема, рече, со себе да поведе политичари или кабинетски службеници, туку професорите македонисти Људмил Спасов – претседател на Советот за македонски јазик, и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

На отворањето на 7. Отворени денови беше соопштено дека Институтот, кој  во 24 години имал само еден нововработен, оваа година добива 17 нови вработувања. Тринаесет се реализирани, а до крајот на месецов ќе бидат реализирани уште четири.  Ковачевски соопшти дека веднаш се заложил за нови вработувања откако ги слушнал потребите на Институтот и подвлече притоа  дека тие што го обвинуваат за лажен патриотизам 11 години ништо не направиле за вработувања на Институтот.

Посочи и дека со поддршка на Владата при крај е дигитализацијата на сите картотеки на Институтот, кои имаат пет милиони единици, и дека со тоа македонскиот јазик ќе биде достапен насекаде во светот и заштитен за идните генерации.

Next Post

Синдикатите во ЈСП ќе одлучуваат за прекин на работата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk