ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Зошто сме толку ранливи во делот на електричната енергија?

Сега во 2022 година, бараме решение за кризата, а сме пропуштиле повеќеод 25 години во неинвестирањето и намалување на домашното производство. Енергетиката е тромава, решенија преку ноќ нема…

October 18, 2022 15:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Дединец

Енергетиката отсекогаш претставувала комплексна област, но од осамостојувањето на Македонија не и се посветуваше големо значење затоа што потрошувачката на енергија во најголем дел се задоволуваше од големите домашни капацитети кои веќе беа изградени, а од друга страна цената на енергентите беше во некои „нормални“ граници. Од популистички причини цената на електричната енергија се држеше на ниско ниво, а инвестиции во нови капацитети речиси и да немаше затоа тие не можеа да се реализираат во период помеѓу два парламентарни изборни циклуси. Но и покрај тоа, цената на електричната енергија беше онаа што отсекогаш најмногу се коментираше од граѓаните и по медиумите. Па затоа во овој текст ќе се задржам на феноменот наречен „цена на електрична енергија“

По 2000 година, со реактивирањето на енергетски интензивната индустрија, потрошувачката на електрична енергија брзо се зголеми. Од погоре наведените причини, домашните производни капацитети, не можеа да ја задоволат побарувачката па увозот на електрична енергија во период од 8 години порасна од 0 до околу 30%. Ова, паралелно со европските текови како и надежта дека со тоа ќе се зајакне македонското електростопанство, доведе до постепена либерализација на пазарот на електрична енергија.

Дополнително, почнувајќи од 2010 година, под закана од климатските промени, на ниво на Европската унија, се интензивираа инвестициите во обновливи извори на енергија (ОИЕ), а паралелно со тоа почнаа да се отвораат берзи за тргување со електрична енергија. Производната цена на електричната енергија од ОИЕ беше неспоредливо поскапа од технологиите на јаглен, нуклеарна итн. За да инвестициите во обновливи се исплатеа мораше да бидат поддржани со субвенции од страна на државите, но преку сметките на граѓаните и компаниите.

Отворањето на берзи и либерализацијата на пазарот на електрична енергија во голем број на држави овозможи да се створи натпревар помеѓу компаниите кои произведуваа електрична енергија. Субвенционирањето во обновливи, придонесе цената на електричната енергија во периодот од 2011 па се до 2020 година да се движи во границите од 30-55 EUR/MWh. Овој период, слободно може да се каже дека беше рај за компаниите, особено за оние на кои електричната енергија им учествува со голем процент во создавање на нивниот производ. Но зошто на самиот почеток велам дека цената на електричната енергија е „феномен“. Оваа ниска цена на електричната енергија дополнително ги „уби“ инвестициите во Република Македонија, но и во голем број на држави во регионот.  Речиси и да не постоеше технологија на која производната цена на електричната енергија беше пониска од пазарната.  Токму поради ова не само што не се реализира ниту еден поголем капацитет за производство на електрична енергија, туку напротив и од постојните што ги имаме, драстично се намали производство затоа што не беа конкуренти со цената на пазарот и на оние потрошувачи кои беа на слободниот пазар не можеа да им понудат пониски цени. Ако во 2011 година од термоелектрани на јаглен во РМ се произведени околу 5250 GWh, во 2021 година производството е околу 2100 GWh, од кои околу 200 GWh се произведени од увозен јаглен.

Во периодот од 2010-2020 година се реализираа само инвестиции во ОИЕ кои беа субвенционирани, со исклучок на две термоелектрани-топлани на природен гас кои се изградија во Скопје. Голема вина во неинвестирањето имаат политичките елити кои меѓусебно се обвинуваа за тоа дека одредена инвестиција не треба да се реализира затоа што цената на пазарот е ниска или дека не треба да се субвенционира инвестирањето во ОИЕ на енергија затоа што тоа ќе ја зголеми цената на електричната енергија. Сето ова не доведе да електрична енергија дали како готов производ или произведена во Македонија (од енергенти кои ги увезуваме), повеќе од 50% ја увезуваме. Ова само покажува зошто сме толку сега ранливи во делот на електричната енергија, особено компаниите кои се директно на слободен пазар.

Сега во 2022 година, бараме решение за кризата, а сме пропуштиле повеќе од 25 години во неинвестирањето и намалување на домашното производство. Енергетиката е тромава, решенија преку ноќ нема, затоа мора да имаме предвид дека не очекуваат тешки зими. Не само оваа туку и следната. Затоа треба посветеност, барем следната зима да се ублажи, а за оваа…

Извор: Окружење


д-р Александар Дединец e стручен соработник во МАНУ. Текстот е личен став на авторот.

Next Post

Основците во Германија се послабо сметаат, читаат, пишуваат

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk