ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОРУПЦИЈА

Грковска – Дод: За ефикасно справување со сивата економија и корупцијата неопходен е координиран и системски пристап

October 19, 2022 13:56
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше состанок со делегација на Трезорот на САД, составена од Џорџ Дод, постар советник за јавни приходи и Лесли Леркиндер, помошник директор за јавни приходи, со кои разговараше за потребата за унапредување на капацитетите на институциите во земјата во борбата против сивата економија и корупцијата.

Грковска им се заблагодари на претставниците од Трезорот на САД, кои се во оценска мисија на земјава за дефинирање на меѓусебната соработка во наредните пет години, за поддршката што САД и ја дава на нашата држава во јакнење на капацитетите на институциите.

Како што соопшти владината прес-служба, вицепремиерката истакна дека е многу важно преку системски политики и мерки координирано да се спротивставиме на сите облици на корупција.

Во таа насока, додаде Грковска, е и подготовката на законот за потекло на имот, чија изработка ја координира Кабинетот за политики за добро владеење, кој е во завршна фаза.

Дополнително, оцени вицепремиерката, таков координиран пристап мора да имаме и за подготовка на законска регулатива за оф-шор трансакциите, за што побара поддршка и експертиза од САД.

Дод нагласи дека според досегашната анализа има простор за соработка во повеќе области, како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, како и низа други институции кои имаат клучна улога во справувањето со сивата економија и организираниот криминал и корупцијата.

Тој оцени дека многу важно во овој процес е соодветната екипираност на институциите со стручни кадри кои ќе одговорат на задачите, но и да се зајакне системот на внатрешна контрола во институциите. 

Next Post

Ковачевски во ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk