ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Македонскиот претставник за Оскар „Најсреќниот човек на светот“ со македонска премиера на 27 октомври

October 19, 2022 12:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и одличниот прием од страна на светската критика и голем интерес за интернационална кино дистрибуција, известуваат од Продукција Митевски

.Во текот на месеците кои следат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу  земји.

Овој месец, “Најсреќниот човек на светот“ патува на пет фестивали нив целиот свет. Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Кијив, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Кијив, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната. – истакна Лабина Митевска

Од Кијив, “Најсреќниот човек на светот“  продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во месец Октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.

Како што најавивме во Венеција, наскоро “Најсреќниот човек на светот“ го носиме и во Скопје. Македонската премиера на Националниот претставник за Оскар закажана е на 27. октомври во Кино Милениум. – додаде Лабина Митевска.

Турнејата на “Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија каде ќе се натпреварува за наградата Весна за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ, информират од Продукција Митевски

Next Post

Гир: Процесот за интеграција во ЕУ да се искористи за придвижување на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk