ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот совет на наредната седница ќе предложи член на Уставниот суд од редот на судиите

October 19, 2022 12:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

До наредната седница ќе дадеме предлог за уставен судија од редот на судиите, информираше денеска претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ).

Судскиот совет нема никакви надлежности во процедурата за избор на судии додека таа трае во Собрание. Единствена надлежност на Судскиот совет е од редот на судиите да предложи судија на Уставниот суд. Добивме допис од претседателката на Уставниот суд минатата недела и во најкраток можен рок, мислам дека и наредната седница, може да се случи да дадеме предлог од редот на судиите, појасни Црвенковска.

Претседателката на Судскиот совет во коментар за Извештајот на Европската комисија во однос на судството, рече дека го цени како добар и позитивен кој ги нотира и позитивните работи кои се случуваат во рамките на судството, но и дека ги нотира и негативните работи.

За Судскиот совет можам да кажам дека е добар и првпат Советот ја применува методологијата за квалитативно оценување на судиите, кое е основа за објективно оценување, а кое е основа и за еден објективен критериум при изборот на судии во повисок суд. Во тек е примената на методологијата, факт е дека малку се одолговлекува целата постапка, а се одолговлекува бидејќи самата методологија предвидува повеќе фази во кој што се врши оценувањето за на крај да се дојде до една реална, објективна ранг листа од која од сега па натаму ќе се избираат судиите во повисок суд, нагласи Црвенковска.

На добар пат сме, рече таа, да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем, но, според неа, тоа е долг процес кој не може преку ноќ да ја смени довербата.

Со сите чекори што ги правиме придонесуваме да се врати довербата во судството, додаде Црвенковска.

Next Post
Скопје. Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Од недела времето топло и до 27 степени

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk