ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Скопјани добија бесплатно „возење” – на партиски рингишпил

October 20, 2022 14:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: СОЊА КРАМАРСКА

Скопјани конечно добија бесплатно возење. Токму како што вети градоначалничката Данела Арсовска кога како кандидат за градоначалник им го ветуваше тоа на жителите на метрополата. И кога и ВМРО-ДПМНЕ ја носеше на раце до победничкиот трон, и застаа зад нејзините ветувања.

Како изгледа денес бесплатниот превоз?

Стануваш сабајле, одиш на автобуска станица, уредно чекаш, но автобус нема. Отвараш интернет да видиш кога ќе дојде автобусот, а таму соопштение од градоначалничката. Затвораш, чекаш. По пет минути пак гледаш во телефонот каков е распоредот на автобусите, и наместо тоа се појавува соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Па, доаѓа…. но не автобусот туку видео од седница на Советот на Град Скопје….. и соопштение од ЈСП. И пред да си отидеш дома погледнуваш во уште едно соопштение, па уште две три соопштенија и денот завршил. А пари за превоз денес не си потрошил затоа што автобусот не ни дошол. Заштедата е тука. И вчера и денес, а најверојатно и утре.

Ваква катастрофа во главниот град не е видена никогаш. Како што не се случило и една политичка соработка меѓу градоначалник и партијата која го кандидирала и изгласала, да пропадне само за една година. Не само да пропадне туку и да прерасне во безмилосна војна која резултира со парализа на државната метропола со над половина милион население.

Што е следно? Штрајк на комуналното претпријатие и Скопје да се задуши во ѓубре? Штрајк на претпријатието за паркинг и да настане нов сообраќаен хаос?  Или Паркови и зеленила да го саботираат и она малку зеленило што остана во градот? Недонесување на градскиот буџет кој ќе се гласа во декември?

Навистина, која е следната фаза од одмаздничката акција на ВМРО-ДПМНЕ кон Арсовска и нејзиниот, за волја на вистината, империјалистички поход во главниот град?

Не е потребна некаква досетливост да се сфати дека членовите на Управниот одбор на јавното сообраќајно претпријатие од ВМРО-ДПМНЕ стојат зад штрајкот. Од соопштенијата што ги испраќаат засегнатите страни е јасно и дека е во прашање само една неисплатена плата за која е обезбеден финансискиот износ но треба Советот на Град Скопје да ја дигне рампата за платите да отидат кај вработените во градскиот превозник.

Тоа е школски пример за политички мотивиран штрајк, а вработени како вработени речете им само да штрајкуваат и веднаш ќе најдат причини. Многу е лесно да се најде мотив за штрајк во држава со ниски плати, загрозени работнички права и општ низок стандард на живеење. Бензинот е тука, треба само да се запали и ситуацијата ќе пламне.

ВМРО-ДПМНЕ која отсекогаш добро се пласира на избори во Скопје, треба да знае дека овојпат игра на ризична карта, затоа што колку подолго трае штрајкот на ЈСП толку појасни ќе им станат на граѓаните политичките игри во заднина на овој штрајк.

Може Арсовска да даде и оставка, може и ВМРО-ДПМНЕ да го признае фијаското што им се случи со нејзиното кандидирање, можеби ќе има и нови избори за градоначалник на главниот град, но кој ќе сноси одговорност за оваа партиско – политичка хаварија каква што Скопје не памети. И кој барем еднаш јавно ќе се извини за штетите што ги трпат граѓаните чие дневно функционирање е драматично нарушено.

Извор: Нова ТВ

Next Post

ЕСМ целосно ги задоволува потребите од струја на регулираниот пазар

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk