ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: За опстоен развој во Западен Балкан потребно е да ја вратиме довербата и да се обединиме

October 25, 2022 15:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека за економски напредок на Западен Балкан е неопходна соработката и заедничкиот настап на државите од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето обраќање на меѓународната конференција „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“, што во организација на „Економист“ и Владата на Косово денеска се одржува во Приштина, Битиќи порача дека „клучот на опстојноста и растот на економиите на регионот е во градењето доверба“.

Најпрвин треба да ја градиме довербата на нашите граѓани во владите и бизнисите и второ, довербата меѓу нашите земји. Може да одиме нагоре или надолу, но одиме заедно. Токму затоа треба да работиме заедно за една економија во која треба да профитираат и бизнисите и работниците, рече Битиќи на панелот насловен „Раст и развој на Западен Балкан“.

Според него, најбитно за регионот е да се промени стратегијата на однесување, да се премине во „создавање на цврсти врски и на меѓузависност“ на државите.

Овој нов пристап носи најголем раст, поголема иновативност и стабилен регион. Тоа конечно не доведува во нова фаза на меѓузависност, при што не се натпреваруваме во сектори или области, туку сме заедно и стануваме поконкурентен натпреварувач како регион, рече Битиќи

Имајќи ги предвид поместувањата или големите промени во светската економија, додаде, најбрзиот начин како владите од регионот можат да им донесат напредок на своите земји е преку создавање заеднички платформи, со слични пакети на поддршка и донесувајќи го целиот ланец на вредности од напредниот свет во регионот.

И наместо да се натпреваруваме меѓу себе кој ќе ги донесе инвеститорите, треба да го промениме тој однос, да го бараме синџирот на вредности како целина да го донесеме тука, а не само една единствена компанија која ќе вработи илјада работници, рече македонскиот вицепремиер.

Според него, постојат многу можности за инвестирање во секторите и потсекторите, но, како што нагласи, „ниедна од нив не е можна без луѓето, без оние кои имаат иста верба и оптимизам за да ја надминат оваа криза“.

За да се развиваме во правец на опстоен раст, треба да работиме на повторното градење на вербата дека работата се исплаќа, одговорноста се наградува и секој може да постигне сé кога се труди, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа и како започнал, порача Битиќи.

Тој се заложи за побрзи чекори во развојот на бизнисите врз основа на еднакви правила, еднакви можности и еднаков удел.

Значи се бара од сите нас да се поттикнуваме еден на друг кон успехот и тоа бара одговорност и обезбедува опстојност. А за тоа треба да ги обединиме силите на она што се нарекува „тројна елиса“: владата, бизнисите и луѓето, рече Битиќи.

Северна Македонија и Косово, кои според Битиќи, имаат многу сличности, „сега треба да се борат за своите луѓе“ и да отворат дебата за тоа „какви бизниси и владеење им нудат“.

И не само како политичка реторика, туку една вистинска врска меѓу овие три страни треба да биде начинот на враќање на довербата, враќањето на растот и просперитетот, но и на правдата. И она последното што ќе не поттикне сите да продолжиме напред и нагоре, значи враќањето на солидарноста, рече Битиќи.

Социјалдемократските влади, смета тој, треба да ја вратат средната класа и да ја вратат довербата во внатрешните вредности и интегритетот на работниците.

Ова е дефинирачко прашање на нашето време. Ова е моментот на пресврт за зголемување на силата за опстоен раст. Двете влади (македонската и косовската) како социјалдемократски, треба да се посветиме во тој правец, рече Битиќи.

Од Република Северна Македонија, покрај Битиќи, на самитот учествуваат и министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество, Адмирим Алити и заменикот министер за финансии, Филип Николоски.

Еднодневниот самит претпладнево го отвори косовскиот премиер, Албин Курти, а покрај неколкуте министри во Владата на Косово, на конференцијата учествуваат и над дваесет домашни и странски експерти и раководители на организации и институции од областа на безбедноста, економијата, финансиите, технологијата, животната средина итн., како и претставници на дипломатскиот кор.

Next Post

Николоски од Самитот на „Економист“: Одговорно менаџираме со јавните пари

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk