ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ сепак влез на Бугарите во Уставот

October 25, 2022 17:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Последната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен да гласа за промени во Преамбулата на Уставот, со што Бугарите би биле вклучени во неа, доколку добие гаранции дека Бујагарија нема веќе да поставува нови услови и вета, беше дочекана со критики.

Беше обвинет дека бргу ги менува ставовите и дека никогаш нема конзистентен став.

И навистина тој до само пред неколку денови цврсто стоеше на ставот дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во Преамбулата.

Факт е и тоа дека иницираше и Референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија како извор на „сето зло“ за „бугаризација на нацијата“ и како револт од усвојувањето на Европскиот предлог (познат како Француски) во кој тој и неговата партија видоа замка која на Македонија нема да ѝ донесе ништо добро, организираше и протести кои ескалираа во насилство.

Но, ако за некоја промена на ставовите, Мицкоски заслужува поддршка тоа е токму најавата дека кај него постои подготвеност за поддршка на европскиот пат на земјава, што де факто се интензивира со почеток на преговорите.

Ако сакаме да бидеме докрај искрени, ВМРО-ДПМНЕ никогаш и не бил против промена на Уставот и внесување на Бугарите во нашиот Устав, како дел од народ како и останатите етнички заедници кои сега се споменуваат во Преамбулата.

И Чешка, сега претседавач со ЕУ, ослонувајќи се на свои извори тврди дека уставните измени ќе поминат без проблеми во македонското Собрание.

Она што Мицкоски го бара како против услов за неговата партија да ја подржи иницијативата, е гаранцијата дека македонскиот пат кон ЕУ нема веќе да биде поплочен со ирационални препреки од бугарска страна и од нивно негирање на македонскиот идентитет во завршна фаза од преговорите.

Вака поставен условот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема мана и е мелем за ушите на сите граѓани на кои им здодеаја секојдневните провокациии кои бугарската страна ги испорачуваше кон Македонија.

Но, мора веднаш да се каже дека условот што го бара Мицкоски е дипломатски неиздржан или најмалку што може да се каже е упатен на погрешна адреса – Брисел.

Како Брисел би си земал за право да даде гаранција во името на сите членки на ЕУ, каде впрочем членува и Бугарија.

Така што тој или било кој друг на македонската политичка сцена треба да прави разлика: една работа е да се насочува партиската политика кон трети страни, како што се тоа ЕУ или земјите членки, или преку политичките групации во кои тие членуваат и лобираат за Македонија, а друга работа е да се придружиш на веќе започнатиот процес на интеграции, за што и самиот јавно си се залагал и си ветувал дека ќе го ставиш тој процес на „брза лента“.

Извештајот на Европската комисија и критиките за отсуство на елементарно ниво на соработка меѓу власта и опозицијата како да го вклучи алармот кај носителите на политичките одлуки.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи пред една недела повика на создавање на, како што го нарече, „нов рамковен договор за ЕУ“, кој ќе ја извлече европската агенда од дневнополитичките случувања и блокади.

„Ако навистина сакаме 2030 да ни биде рок за влез во ЕУ мораме да си подадеме рака меѓу власт и опозиција дека оваа тема – ЕУ ќе ја тргнеме надвор од дневнополитичките препукувања. Нам ни треба нов рамковен договор за ЕУ во кој партиите од која било страна на политичката сцена ќе склучат договор дека ќе се поддржуваме за прашања поврзани со ЕУ, независно од тоа кој е на власт“, изјави Бујар Османи.

Овој апел на МНР Османи, одпрвин беше прокоментиран дека е задоцнет од страна на Мицковски и тоа е разбирилива изјава на еден лидер на опозицијата кој колку до вчера беше против било какво прифаќање на документот што на Северна Македонија и го отвори патот кон ЕУ.

Но тој не ја отфрли безусловно подадената рака. Напротив само го преформулира предлогот и рече: „Доцна се сетија на опозицијата – сега не ни треба нов рамковен договор, туку нов договор за Македонија“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија.

Тој ја уверува македонската јавност дека за ВМРО- ДПМНЕ потребата за европските интеграции никогаш не била доведена во прашање, исто како и неопходноста од општ консензус за оваа тема.

Можеби, но понудите за консензус, кај нас скоро секогаш се подразбирале како „консензус по мое“.

Така што повикот за заедништво, како што Мицковски го сфаќа според досегашните негови активности, би бил одбивање на францускиот предлог, протести на улиците и безмалку повик на линч за предавство на сите кои се согласија со него.

Оттаму Мицковски, пред да прифати или одбие било каква соработка во иднина, и должи на нацијата да  објасни  што подразбира тој под „нов патриотизам“ и кој тоа досега „продавал“ национализам:

„На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Националистичките романтизми се коската фрлена од политичарите за создавање на завеса, зад која се кријат криминалните интереси на тие кои управуваат со државата“, вели Мицкоски.

Како и да е, новите позиции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски иако условени, во дипломатијата се читаат како оставање отворена врата за натамошно пеглање на противречностите, како и давање себеси простор за легнување на работите, и секако се за поздравување.

Дали и како ќе ги одигра докрај потезите ќе се знае набргу, можеби уште со повторното доаѓање на Фон дер Лејен во Северна Македонија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Брнабиќ: Отворен Балкан е отворен и за Приштина, благодариме на САД за поддршката на иницијативата

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk