ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Влада: Целта на одбележувањето на 25 Октомври е да се доближи правдата до граѓаните

October 25, 2022 11:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и петти Октомври е Европски ден на граѓанската правда, кој секоја година се одбележува во европските држави. Целта на неговото одбележување во сите европски држави е правдата да се доближи до граѓаните. Да се запознаат со владеењето на правото, правната држава и независното правосудство, како врвни европски вредности, објави на Фејсбук, Владата на Република Северна Македонија

Иницијативата за одбележување на овој ден, пишува на фејсбук профилот на Владата, потекнува од Европската комисија и до Советот на Европа, кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.

Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа, а со тоа и во Северна Македонија да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области: семејно право, право на сопственост, наследување, авторско право, договорно право и сл, стои во објавата од Владата на ФБ.

Оваа година на Европскиот ден на правдата, посочуваат, говориме за уште една силна потврда за напредокот во имплементацијата на реформите и европските стандарди во областите владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција.

Денеска, кога го одбележуваме Европскиот ден на правдата, може да се каже дека Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем.

Тоа е воедно и единствениот начин да се чекори кон европскиот пат. Патот кој носи европски вредности и стандарди и подобар живот, објави Владата на нејзиниот фејсбук профил.

Next Post

„YFA Automotiv“ ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња во Бунарџик

Најново

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

April 26, 2026

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

April 26, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

(ВИДЕО) Пукање на новинарската вечера во Белата куќа, Трамп не e повреден

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk