ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Се покажаа лагите, македонскиот јазик е признаен од ЕУ, доказ за тоа е потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС

October 27, 2022 18:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, од седницата за пратенички прашања во Собранието, го честиташе на граѓаните потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, потпишан вчера во Скопје, којшто е прв потпишан договор со ЕУ, на чист македонски јазик, односно без додавки, фусноти и ѕвездички.

„Овој Договор којшто го потпишавме на македонски јазик е голема победа за нашата држава и доказ за постоењето и заштитата на нашиот идентитет и македонскиот јазик. Јас го одржав моето ветување, а своето ветување го одржа и ЕУ бидејќи е доверлив партнер на нашата држава. Вчерашното потпишување на Договорот со ФРОНТЕКС, којшто е првиот официјален договор потпишан помеѓу Северна Македонија и ЕУ по започнувањето на преговорите, е вистински пример за тоа како во реалноста изгледа исполнувањето на вакви ветувања“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи дека во меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“, што го потврди и претседателката на ЕК, Фон дер Лејен, дека целото законодавство се преведува на македонски јазик и дека македонскиот јазик е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија.

„Ова е прв пат во историјата на односите во официјален документ на ЕУ, македонскиот јазик да биде без додавки. Досега нема документ во ЕУ каде што се споменува македонски јазик, потпишан од сите 27 земји членки. Бугарија го одблокира потпишувањето на ФРОНТЕКС и ова е првиот договор во историјата на односите помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ, во коишто се потпишува договор со македонски јазик“, посочи премиерот Ковачевски.

Во Парламентот, претседателот на Владата Ковачевски, го објасни и практичното значење на Договорот за државата.

„Досега повеќе од 10 години ние немавме договор со ФРОНТЕКС, токму заради прашањето на јазикот, бидејќи бевме блокирани со години наназад, бевме приморани да потпишуваме билатерални договори со Чешка, Словачка, Словенија, Австрија, за да ни пратат полицајци на јужната граница, за заштита на илегалната миграција. Не можевме да ги користиме услугите на ФРОНТЕКС. Со овој Договор ќе можеме заеднички да се справуваме со нелегалната миграција и заеднички да одговориме на предизвиците, но овој пат тоа ќе го правиме од нашата територија, заедно со силите на ФРОНТЕКС“, објасни премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека граѓаните повторно можат да видат „кој е веродостоен партнер кој ќе ги изнесе на европски пат, а кој се користи со лаги и манипулации за да сее страв и несигурност и да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа“.

„Со потпишувањето на овој Договор, на дело се покажа и деструктивноста на сите кои со мегафони пред Владата и со вувузели во Парламентот бескрупулозно лажеа дека ова нема да се случи и дека македонскиот јазик секогаш ќе биде со некаква фуснота или додавка“, оцени премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски изрази очекување дека пратениците кои тоа го правеле, како што рече: „во натамошните одлуки што ќе ги носи Собранието, ќе најдат сила да ги поддржат одлуките коишто ќе значат побрзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ, а коишто пред сѐ значат подобар живот за граѓаните во европска Македонија, внатре кај нас“.

 

Next Post

Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“ на сцената на штипскиот Центар за култура

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk