ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина: Нелегалното посвојување на украински деца во Русија ја крши Женевската конвенција за заштита на цивилни лица во време на војна

October 27, 2022 16:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Украина реагира на изјавата на Комесарот за правата на децата при претседателот на Руската Федерација, Марија Лвова-Белова, за незаконското посвојување на украинско дете, кое беше киднапирано во Мариупол од страна на руската армија.

Марија Лвова-Белова, како што велат од украинското МНР, призна дека го олеснила незаконското посвојување во Руската Федерација на уште околу 350 деца од окупираните региони на Донбас.

„Трансферот на украинските деца од привремено окупираните територии на Украина во Русија и нивното последователно посвојување од страна на руски граѓани грубо го крши законодавството на Украина, како и Женевската конвенција за заштита на цивилни лица во време на војна од 1949 година, која ја предвидува обврската на државата окупатор да не го менува граѓанскиот статус на децата, како и Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето од 1989 година. Во име на Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, Министерството за надворешни работи на Украина иницира случај пред органите за спроведување на законот на Украина против руската државјанка Лвова-Белова, чии постапки се сметаат за знаци на кривично дело. Ја повикуваме меѓународната заедница најостро да ги осуди тековните злосторства извршени од страна на Русија и нејзините функционери против децата на привремено окупираните украински територии“, реагираат од Министерството за надворешни работи на Украина..

Оттаму додаваат дека Украина ќе продолжи да вложува максимални напори за да обезбеди украинските деца кои незаконски биле земени и посвоени во Русија да бидат вратени на нивните родители или законски старатели.

Next Post

Николовски: Годинава сме 29. земја во светот по извоз на вино и сме втори во регионот

Shortcut

Најново

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk