ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Колку ротации околу себеси му се потребни на Мицкоски да создаде центрифуга за да ја испере етикетата дезинформатор?

October 28, 2022 08:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Стануваат апсурдни, па дури и смешно несериозни серијата „пишман“изјави и ротации околу самиот себеси на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најновата вратоломија и политичко „салто мортале“ на Мицкоски е изјавата дека „македонскиот јазик е завршена работа, признаен од Обединетите нации и кодификуван со сите јазични и научни нишани“, со што на „нишан“ ја стави сопствената политичка иднина како политичар кој ги менува своите политички ставови почесто од чорапите, но со доволно временски простор од една до друга „преслека“ за да ја „труе“ јавноста со дезинформации.

До вчера како „ѓавол од крст“ бегаше од личната карта на Северна Македонија во Обединетите нации, каде што, после Договорот од Преспа, јазикот на Македонците се запиша како македонски јазик, за денеска да се повикува на истиот тој „имотен лист“ на македнскиот идентитет како тој лично да го напишал.

Смешно е тоа, но македонската јавност нема кусо паметење и нема да дозволи да биде измамена од ротацијата на Мицкоски околу самиот себе си со која сега демонстрира нов светоглед на отсекогаш непобитните факти за македонскиот јазик и идентитет.

Само еден кус преглед и листа на наслови за неговите довчерашни ставови во врска со македонскиот јазик и идентитет даваат сосема јасна слика каде стоеше Мицкоски вчера и каде се обидува да се смести денеска: Мицкоски: Со овој предлог Бугарите ќе го прогласат јазикот за нивни дијалект, а ние за македонски, Нема да дозволиме асимилација на македонскиот народ и негирање на јазикот и идентитетот- порача Мицкоски на средбата со Хофрајтер, Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја…

Останува да се запамети дека оваа кампања која како за единствена цел ги имаше личниот и партискиот политички профит за сметка на утврдените македонски темелни идентитетски кодови кои самонаречената „најмакедонска“ партија ја тераше до бесмислени граници во лицето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, има(ше) континиуитет.

Сега, кога се повикува на личната карта на Северна Македонија во ОН, Мицкоски се надева дека македонската јавност ќе заборави дека уште во 2019 година најавуваше дека ќе го укине Договорот од Преспа (Мицкоски: Со двотретинско мнозинство го укинуваме Преспанскиот договор), за потоа повторни да изротира околу самиот себе си за да каже дека договорот е реалност (Мицкоски: Преспанскиот договор е реалност).

Сега „пишман“ изјавите доаѓаат уште побргу, за само 4 месеци од протестите за кога ја дезинформираше јавноста дека „македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот“.

Сега во паниката да се „избрише меморијата“ за изјавите на Мицкоски за „бугаризација на земјата“ од веб страницата исченуваат насловите кои до вчера беа објавени со наслови како „Мицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање“,„Ќе одговарате за велепредавство и геноцид врз сопствениот народ“…

Кликот до овие линкови вели „404 Page not Found“ (Страницата не е пронајдена), ама интернетот остава траги и дигиталните записи со урл-то остануваат да сведочат: https://vmro-dpmne.org.mk/vesti/soopstenija/3214-мицкоски-зa-гоце-делчев-и-за-македонскиот-јазик-нема-преговарање

Не  беше Мицкоски сам во оваа кампања. Остануваат запаметени и другите во врвот на партијата што дезинформираа и профитираа со погрешни информации и толкувања за македонскиот јазик. Александар Николоски (Видео) Николоски: Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, историја и култура, и Антонио Милошоски Милошоски: Со Бугарија се преговара за јазикот и за идентитетот и редица други.

Не знам колку ротации на Мицкоски околу самиот себеси ќе му бидат потребни за да постигне доволно центрифугална сила за да се ослободи од етикетата што му ја залепи ЕУ  во една студија на Брисел кога беше ставен рамо до рамо со Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации.

Дали тоа ќе биде доволно за да се симне еднаш засекогаш прашањето за утврдениот и признат македонски идентитет со сите атрибути? Не дека нешто многу му верувавме, ама чисто онака, колку да го апсолвираме ова прашање и да гледаме на другите, поважните и реалните, што ќе ни помогнат со сигурни чекори да одиме по патот кој завршува со Северна Македонија во ЕУ, за која претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен вели дека не е комлетна без земјите од регионот.

CIVILMEDIA.MK


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Ковачевски: Владата ќе започне процедура за отворање македонски културен центар во Благоевград

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk