ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Одземете му ја реториката која убива и – од него нема да остане ништо

October 28, 2022 13:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Верувам дека знаете што значи кога во политика некоја елита (а таквите елити најчесто се десни, конзервативни и блокирачки) нè плаши со „бугаризација“, или кога, пак, ни вели дека нашиот мајчин јазик вусшност и не е наш, туку е комплот од неколку јазични наречја и идиоми кои припаѓаат на некоја друга држава?

Жално е што нашиот мајчин, македонски јазик, денес, овде, тука и сега, не се препознава преку најпознатите наши писатели кои на македонски јазик творат и го афирмираат јазикот, туку македонскиот јазик го препознаваме преку пцовките на пцујачите од ВМРО-ДПМНЕ.

А може ли да очекуваме нешто друго кога Мицкоски, да речеме, бара власт, а не знае кога е кодифициран македонскиот јазик? Мене, да речеме, на македонски јазик ме пцуеја и дифамираа неговите „гуланфери“ кога реков дека „современите македонци се создаваат после 45-та година од минатиот век“. Истрпев таква харанга, истрпев таква дефамација, примив толкав број на закани и навреди што, едно време почнав да се чувствувам како да сум Брејвик, го знаете сите, оној десничар и масовен убиец што беше препознат како феминист, освестен борец за женски права, а поради неверојатната идеолошка конфузија во главата, застрани во нацизам, ама тоа е една сосема друга тема за која овде нема да пишуваме.

Да бидеме на чисто: македонскиот јазик на десницата и користи за плукање, и за ништо друго.

Добро, им служи и за манипулции, дезинформации, спинови, хистерија и предизвикување на паника, ама тоа во суштина не е македонскиот јазик, тоа е само одвратна гебелштина која од луѓето треба да направи sверови. ВМРО-ДПМНЕ го користи јазикот за да им биде поблизок на sверовите одошто на луѓето.

Јазикот со кој се служи оваа партијата, манирот кој се користи јазикот, во 1991 година луѓето ги протеруваа, со истиот јазик беа протерувани и во 1995, а голем број, откако војната заврши, а јас познавам неколку од нив, сами се протераа, поточно сами од себе се дислоцираа на некои други места. А некои други, пак, не помислуваа ниту да се вратат. Таквиот јазик создаде луѓето засекогаш да се простат од местата и градовите за кои им беа важни, градови во кои пораснале, создавале семејства, стекнале пријателства…

Првиот човек на десничарската партија, Мицкоски, зборуваше такви глупости за македонскиот јазик што напросто е неверојатно. Прво, рече дека кодификацијата на македонскиот јазик се случила „тамо некаде во 1977 година“, потоа кинеше зелени дека „македонскиот јазик ќе станел дијалект на бугарскиот јазик, а ние, нели, македонците, ќе сме биле асимилирани од бугарите“. Па потоа ја полнеше јавноста со идиотштини од типот, „власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик и историја“.

Денес, откако на бранот на дезинформациите, лагите и манипулациите, Мицкоски и неговите „гуланфери“ ги бришат архивите од неколку месечната кампања со која ја труеја јавноста дека на македонците им се врши геноцид и велепредавство, Европската Унија го запиша македонскиот јазик како еден од своите официјални јазици. Поточно, македонскиот јазик стана официјален јазик на Европската унија, така што прашањето за идентитет и јазикот е затворено. А формално-правно, прашањето за јазикот и идентитет на македонците е затворено со Договорот од Преспа, како клучна одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.

Знаете што? Одземете му ја оваа „реторичка уметност“ на Мицкоски, одземете му ги глупостите и лудилата кои ги зборува во јавноста, и од него нема да остане ништо, дури нема да му остане ниту она скапо одело на себе, брендирано во марката Карл Лагерфелд. И да бидеме на чисто: Мицкоски и неговите „гуланфери“ не ги интересира никаква иднина и европеизација на земјата, јок, море! Затоа Мицкоски за „реториката која убива“ така настрано и пореметено се држи. Од надвор гледано, ем се брани, ем обвинува.

Се труди, Мицкоски, сето светско зло да го привлече на своја страна, ама заборава дека секогаш на исто се завршува: едно време ти оди добро, a пoтоа пука, па светот и ти се разминувате. На крајот ќе заталкаш во ништожност и лудило, така што твојата глупавост и празнина ќе одекува во бескрајниот вакум.

Не сфаќа Мицкоски дека неговата баналност, глупавост и аздисаност е со краток рок, согорува уште во стратосферата.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

 

 

Next Post

Ристо Пенов избран за нов Министер за локална самоуправа

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk