ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Азески до европските лидери: Повлечете вистински потези, одржете го бизнисот на Западен Балкан и отворете перспектива

October 31, 2022 09:13
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европските лидери мора да разберат дека на балканскиот бизнис му е преку глава да биде понижуван, условуван и одложуван,пренесува МИА

Доста ни е од редицата камиони и од границите на секој чекор (јасните перспективи до 2030, 2040, 2050, 2060). Она што ние како бизнис треба да го направиме е највнимателно да ги прочитаме пораките и да ги прифатиме реалните забелешки, забрзувајќи ги процесите на економски развој, зашто очигледно е дека сами не можеме да се справиме со овие предизвици и тој дел од патот мора да го поминеме под менторство на Европската комисија, порачува претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

-Вие сте надеж за стотина илјада фирми на Балканот и вашата одговорност е на највисоко можно ниво. Многупати досега направивте преседани на штета на малите земји и нивните надежи. Повлечете вистински потези, одржете го бизнисот на Западен Балкан и отворете перспектива. Немојте да дозволите заклучоците да останат мртва буква на хартија, апелира Азески.

-Конечно оваа недела Самитот на лидерите на ЕУ со Западен Балкан, таканаречен Берлински процес, се враќа во Берлин (3.11.2022 година). Изгубивме седум години вртејќи по европските метрополи, како да не знаеме дека одлуките се носат во Берлин. Затоа, минатата година на 1.11.2021 година, под наслов „ЕУ И НИЕ – БУГАРИЈА И ТИЕ“, јасно истакнавме барање да се врати Берлинскиот процес во Берлин, затоа што, како што беше тргнал, ќе завршеше во Ла Валета (Малта). А враќањето во Берлин веднаш донесе конкретни резултати. Во најавата на Самитот е потпишување неколку спогодби, кои само продолжуваат да ја потврдуваат потребата од регионална поврзаност. Ќе се одобри патување со лични карти низ сиот регион на Западен Балкан; во рамките на регионот ќе се признаат професионалните квалификации на докторите по медицина и по стоматологија и на архитектите, во формат кој ќе ги отстрани пречките на националното законодавство, а ќе се поедностави и процесот на нострификација на дипломите за високо образование во сите 6 земји на ЗБ.

Во најава е и укинување на визниот режим меѓу Косово и Босна и Херцеговина, наведува Азески во пораката.

Тој потсетува дека насоките на ЕУ се создавање регионален пазар на Западен Балкан, кој интегрирано треба да се поврзе со ЕУ преку Европската економска заедница (ЕЕЗ), а ние, како држава, потенцира Азески, ги имаме исполнето минималните копенхашки критериуми кои се основа за каков било почеток на преговорите со ЕУ и упорно работиме на нивно почнување.

Next Post

Бербок: Се разгледува како може да се вклучи иранската Револуционерна гарда во терористички организации

Најново

Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk