ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Ковачевски за „BBC“: Европската Унија не е целосна без Западен Балкан

November 1, 2022 14:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „HardTalk“ на BBC, со Стивен Сакр разговараше за почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, регионалната соработката и важноста на интеграција на Западен Балкан во ЕУ, последиците од воената агресија врз Украина како и светската енергетска криза.

„На Европската Унија ѝ треба Северна Македонија, ѝ треба целиот Западен Балкан да биде дел од Европската Унија. Со новата геостратешка ситуација што ја имаме во Европа и по инвазијата на Русија врз Украина и по сите безбедносни, енергетски и економски предизвици што се појавија во Европа, јасно е и потврдено од сите лидери во Европа, почнувајќи од претседателот Макрон, канцеларот Шолц, претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен, дека Европската Унија не е целосна без Западен Балкан, без Северна Македонија, без Албанија, без Црна Гора и сите други земји. И таа е реалноста. Северна Македонија веројатно ја донесе најтешката и најмачната одлука во споредба со секоја друга земја што се приклучила кон ЕУ или ќе се приклучи кон ЕУ. Да не заборавиме дека во текот на овие седумнаесет години ние не можевме да напредуваме по европскиот пат поради билатерални или регионални прашања. На Балканот има многу, како што ги викам јас, идентитетски прашања. Босна и Херцеговина, Косово, целиот регион, она што се случило во изминативе триесет години, по распадот на Југославија, па дури и денес ако погледнеме што се случува со Украина и тоа е идентитетско прашање. Северна Македонија докажа дека може да има одржливи решенија за идентитетските прашања. Ние ја донесовме таа тешка одлука, во право сте, го променивме името на земјата за да станеме членка на НАТО и да напредуваме на патот кон европска интеграција. Исто така, постигнавме договор со нашите соседи, со Бугарија, а тоа исто така беше тешка одлука“, рече Ковачевски.

Ковачевски во разговорот за BBC истакна дека Северна Македонија започна многу инфраструктурни проекти, за да постигнеме диверзификација во снабдувањето со енергенси, особено со гас, со градење нови интерконектори, нови гасоводи, што водат од југ кон север, а не како нашиот, од исток кон запад.

„Има земји кои целосно зависат од рускиот гас, има земји кои делумно зависат од рускиот гас и има земји кои воопшто не зависат од него. Ние сме земја којашто е целосно зависна од рускиот гас и тоа е наназад со години, поради состојбата со економијата, поради односите во минатото. И во текот на оваа криза, секогаш постојат можности за промена, за подобрување и затоа започнавме со инфраструктурни проекти за диверзификација на изворите на снабдување со енергенси“, појасни Ковачевски.

Next Post

Дир: 251-от ден од херојската борба на Украина против руската воена агресија започна со сирена за воздушен напад

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk