ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Со панаѓур во тесен круг Мицкоски сака да се консолидира, револтот кај незадоволните не стивнува

November 2, 2022 13:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што не смееше да му се случува на Никола Груевски, станува секојдневие за Хрустијан Мицкоски – се повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ стануваат незадоволни од лидерот на партијата, неговите политики и неконзистентни ставови во врска со клучните државни прашања. Ова како да го откри во јавноста потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа. Како што кажа тој, на средбите кои Мицкоски ги има во локалните комитети на партијата тој бил постојано напаѓан и критикуван.

Николоски се обиде ваквото незадоволство да го прикаже дека се случувало од, како што кажа, „лажни вмровци“, кои биле агенти провокатори од Агенцијата за разузнавање. Сепак, реалноста се чини е поинаква и дека се повеќе членови на партијата застануваат против Мицкоски и неговите деструктивни политики и немањето политички сенс за многу прашања.

Соочен со напливот на негативна енергија и реакции од членството, кои стануваат дел и од јавниот дискусрс преку партиски членови, Мицкоски сега ќе се обиде да прикаже некаква консолидација во партиските редови. Наместо да се појави пред граѓаните и да ги дискутира политиките и одлуките на партијата, особено личните со секојдевните промени на ставовите, тој организира „саем“ на кој ќе се разговарало за сработеното на градоначалниците. ВМРО-ДПМНЕ. Дали таквиот саем ќе преставува всушност панаѓур на кој градоначалниците ќе му даваат отчет на лидерот наместо да даваат отчет пред граѓаните, пред оние кои ги гласале и за чии интереси би требало да се борат.

Политичкиот „саем“ на Мицкоски ќе се одржи викендов во Скопје, ќе трае два дена, а според партиските најави ќе присуствуваат стотина учесници. Тоа значи дека овој „саем“ ќе биде недостапен за граѓаните, па отчетите и дискусиите за партиските политики и резултатите ќе останат само за „големците“ во партијата. Затоа после гласот на незадоволните ќе биде уште поголем, а членовите јавно ќе се прашуваат зошто се изолирани.

Мандатот на Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е обележан од неконзистентни ставови, потпалување на граѓаните и договарање тендери. Тој останува без цврст став за сите важни државнички прашања, а последниот пример е дека за само три месеци целосно го промени ставот за уставните измени.

Првично, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираа протести, креираа хистерија меѓу народот и дополнителни поделби на општеството. Лидерот на партијата дури и ги натера пратениците да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и најави повлекување од политика доколку еден пратеник од неговата коалиција ги поддржи измените.

Три месеци подоцна, сепак, ставот на Мицкоски омекна, па сега наместо повлекување од политика и целосно отфрлање на уставните измени, тој најавува дека доколку земјава добие гаранции дека влезот во ЕУ е можен, тогаш може да се прифатат уставните измени. Веројатно ваквите негови превртливи изјави кои само праваат поделби во општеството, заедно со обвинувањата за местење на тендер во Град Скопје со градоначалничката Данела Арсовска, предизвикуваат се поголемо незадоволство во членството на партијата.

Изјавата на Николоски за вербални напади против Мицкоски доаѓа во истиот ден, кога советникот на ВМРО-ДПМНЕ од општина Карпош, Александар Илиевски обвини дека добива низа закани од високи партиски функционери од неговата партија и дека вчера бил и физички нападнат од маскирани лица. Илиевски истакнува дека од ВМРО-ДПМНЕ му се заканувале и го терале да се повлече од советничката функција, а меѓу заканувачите бил и пратеникот и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Тони Јаревски. Советникот во неговите изјави откри дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош рекетира бизнисмени за носење одредени одлуки во советот, наместо да работат за доброто на жителите на Карпош.

Д. Е.

Next Post

Варсо – новата највисока кула во ЕУ

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk