Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата.
Комесарката во вторникот ја посети Украина каде се сретна со претседателот Зеленски и министерот за енергија, Герман Галушенко.
Украина се соочува со напади врз нејзината енергетска инфраструктура од страна на Русија што доведе до оштетува на над 30 отсто од енергетскиот систем на Украина.
За да и се помогне на земјата да се справи со оваа ситуација, Европската Унија заедно со приватниот сектор се заложи да ја зајакне поддршката.
-Потребни ни се здружени напори од владите, институциите, приватните компании во ЕУ и пошироко за да се зголеми поддршката која веќе ја обезбедуваме, рече Симсон.
Европската Унија вети дополнителни 25,5 милиони евра за Украина за најитните потреби преку Фондот за енергија за Украина кој го воспостави Европската Комисија.
Најавена е нова кампања со цел да се мобилизира приватниот сектор во овој проект.