ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нацрт-заклучоци на ЕУ Советот: Потребни изборни ревизии и следење на препораките на ДКСК

November 3, 2022 15:23
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Нацрт-заклучоците на земјите-членки на ЕУ по објавувањето на извештајот за напредокот на Северна Македонија е поздравен прогресот, но потребни се дополнителни напори, јавува МИА.

Советот на ЕУ се очекува да го поздрави отпочнувањето на преговарачкиот процес со ЕУ како „признание за напредокот“ на Северна Македонија на реформскиот пат кон ЕУ, и ќе го поздрави напредокот во процесот на скрининг на законодавството од страна на Европската комисија.

Се очекува да се потсети дека по локалните избори во октомври 2021 Северна Македонија треба да изврши „сеопфатна ревизија на изборното законодавство“ и да продолжи да ги следи препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија во оваа област.

Во делот на судството нацрт-заклучоците го поздравуваат досегашниот напредок, но се бараат издржани напори за независност, непристрасност, и професионализам на судскиот систем во земјата. Потребни се поголеми напори за систематска имплементација на акцискиот план за судски реформи како и на стратегиите за човечки ресурси во судството и обвинителството.

Советот ја истакнува и важноста институциите на државата да ги следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција која „проактивно продолжи со работа и отвори повеќе случаи, вклучително и против високи функционери“, порачуваат земјите-членки на ЕУ. Северна Македонија треба исто така да ги зајакне темелните права, слободата на медиумите и слободата на изразување, оценува ЕУ.

Реформата на јавната администрација се смета за ограничена и се бара обезбедување на принципите на транспарентност, заслуга и еднакво застапување.

Се поздравува напредокот во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и ветувањето на владата дека ќе ги забрза реформите во оваа област. Тука се потсетува дека за овој напредок е потребен ангажман и од власта и од опозицијата во конструктивен дух.

Добро е оценета реформата на безбедносните и разузнавачките служби, но се потсетува дека е суштински потребно зајакнување на капацитетот на собранискиот надзор.

Во делот на добрососедските односи, нацрт-заклучоците за сега се однесуваат на потребата за опипливи резултати и имплементација на билатералните договори во дух на доверба.

Северна Македонија е одлично оценета во делот на усогласувањето на својата надворешна политика со таа на ЕУ.

Овие нацрт заклучоци ќе претрпат уште измени во наредните недели и служат за подготвување на крајните заклучоци што Советот на ЕУ ќе ги објави во декември за сите земји од проширувањето, врз основа на наодите на Европската Комисија и нејзиниот годишен извештај.

Next Post

ЕСМ ќе проверува дали топланите Исток и Запад може да работат и на дизел

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција

October 31, 2025

Поради дојава за бомби, во Србија во прекин железничкиот сообраќај

October 31, 2025

Во Битола почнува 33. ИФАДФ „Камера 300“ во знакот на 120 години од првиот филм на браќата Манаки

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk