ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Андонов: Граѓани бидете спокојни, ќе има струја цела зима

November 6, 2022 18:04
in АКЦЕНТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на премиерот, Виктор Андонов на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации кои се однесуваат на енергетската состојба во земјата.

Како што истакна, во рамки на заложбите на Владата за подигнување на јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија, институциите и компаниите се многу важни во овој процес и секој треба да направи мала промена во домот и на работното место, што ќе значи многу за енергетскиот систем.

На прес-конференцијата, соработникот Андонов ги презентираше податоците за направениот пресек од 15 дена, од 15.10.2022 заклучно со 31.10.2022 година и информираше дека за овој период, произведени се вкупно 199.830 мегават часови.

Во истиот овој период продадени се 600 мегават часови вишоци. Со ова, како што потенцира, со домашно производство на електрична енергија во периодот од 15.10.2022 до 31.10.2022 година, 100 отсто се покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Андонов го презентираше и дневниот енергетски биланс за 05.11.2022 година и истакна дека во текот на вчерашниот ден се произведени вкупно 11.360 мегават часови, од кои во термоелектраните се произведени 8.242 мегават часови, додека од обновливи извори произведени од ЕСМ, во кои се сметаат хидроелектраните и ветерниот парк во Богданци, произведени се 3.118 мегават часови електрична енергија, со што целосно се задоволени потребите на малите потрошувачи и домаќинствата.

Тој информираше и дека заклучно со крајот на октомври 2022 година, ЕСМ не само што го реализираше својот предвиден план за производство на електрична енергија, туку произведен е и некој гигават час на електрична енергија повеќе од предвиденото.

Андонов упати апел до граѓаните да бидат спокојни бидејќи финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на АД ЕСМ е осигурана и струја ќе има за сите во текот на оваа зима.

Next Post
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

На состанок кај Ковачевски сите партии одат со услови, ама тие да не бидат условувани

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk