ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЗО/Европа: 32 отсто од седумгодишните деца во Северна Македонија со зголемена телесна тежина, 15 проценти дебели

November 8, 2022 12:02
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Shutterstock

Shutterstock

Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Северна Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажуваат најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI).

Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од пет отсто меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2 процента).

Во споредба со претходниот круг на собирање податоци во 2016 година, има зголемување на зголемената телесна тежина и дебелина кај девојчињата за скоро два отсто, додека кај машките стагнира.

„Кога станува збор за исхраната и физичката активност, податоците од извештајот покажуваат дека 77 отсто од децата на 7-годишна возраст во Северна Македонија појадуваат секој ден. Речиси сите (87 отсто) деца се физички активни најмалку еден час надвор од училиште, а 66 проиценти активно одат во училиште (не се пренесени со моторно возило до училиштето). Од друга страна пак, извештајот покажува дека 57 отсто од децата воопшто не посетуваат спорт или танцување, а 38 проценти консумираат безалкохолни пијалаци со додаден шеќер (второ највисоко ниво во Европа)“ се наведува во Извештајот.

Дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и понатаму е на високо ниво. Вкупно 29 отсто од децата се соочуваат со зголемена телесна тежина или дебелина. Намалување на зголемената телесна тежина и на дебелината има само во три земји: Малта, Сан Марино и Италија.

„Проблемот со зголемена телесна тежина и дебелина кај децата претставува закана по здравјето во европскиот регион на СЗО и се поврзува со голем број незаразни болести (НЗБ), од кардиоваскуларни заболувања, па сè до дијабетес и канцер. Денес, едно од три деца на училишна возраст во регионот се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина, а стапките се во пораст во голем број земји. За да се најдат подобри решенија за овој проблем, потребни се квалитетни податоци“се посочува во Извештајот.

Севкупно, 29 отсто од децата на возраст од 7 до 9 години во земјите учеснички во истражувањето се соочуваат со проблемот на зголемена телесна тежина (вклучително и дебелина). Преваленцијата е поголема кај момчињата (31 отсто) отколку кај девојчињата (28 проценти).

„Наодите покажуваат дека и понатаму едно од три деца се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина. Мора побрзо да делуваме во насока на намалување на овие бројки. Итно ни се потребни подобри политики кои може да ни помогнат да ги промениме актуелните трендови на дебелина кај децата – особено по пандемијата на КОВИД-19 која се смета за опасен двигател на нивоата на зголемена телесна тежина и дебелина“ вели д-р Кремлин Викрамасинге, вршител на должност, шеф на европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на НЗБ, којашто го изработи Извештајот.

Во споредба со претходниот извештај (2015-2017), новиот бележи статистички значително намалување на преваленцијата на зголемената телесна тежина меѓу момчињата и девојчињата на Малта, меѓу момчињата во Сан Марино и меѓу девојчињата во Италија, како и намалување во нивоата на дебелината кај момчињата во Сан Марино и кај девојчињата на Малта.

Од првото издание во 2007-2008 година па наваму, податоците на COSI покажуваат надолен тренд во однос на преваленцијата на прекумената телесна тежина во Грција, Италија, Португалија, Шпанија и Словенија. И покрај надолниот тренд, преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина во овие земји, особено во Јужна Европа, и натаму е меѓу највисоките во регионот.

СЗО/Европа го претстави новиот петти по ред извештај на Иницијативата за следење на дебелината кај децата (COSI). Наодите во него се засноваат на најновите податоци собрани во периодот помеѓу 2018 и 2020 година во 33 земји од европскиот регион на Европа. Измерени беа речиси 411 000 деца на возраст од 6 до 9 години.

Next Post
Marian Kamensky

КОП 27

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk