ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Раст на зелените кредити за 55 отсто во изминатите 2,5 години, се уште ниска застапеноста во вкупните кредити

November 9, 2022 12:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите две и пол години зеленото кредитирање е зголемено за 55 проценти. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, но и натаму е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со првото полугодие од 2022 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 2,8 отсто, информираат од Народната банка и најавуваат дека ќе продолжат со активности за поттикнување и зголемување на свеста за зеленото кредитирање.

Според податоците на Народната банка, на крајот од првото полугодие од 2022 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 11.136 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите. Од крајот на 2019 година, а заклучно со првото полугодие од 2022 година, зелените кредити доделени на фирмите имаат пораснато за 3.748 милиони денари и учествуваат со пет отсто во вкупните кредити доделени на компаниите. Растот на зелените кредити кај домаќинствата е помал и тие учествуваат со само 0,7 отсто во вкупните кредити на секторот „домаќинства“.

“Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено кај помалку развиените економии. Сè повеќе централни банки го гледаат зеленото финансирање како дел од мандатот. Народната банка препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“ велат од Народната банка.

Преку низа активности, велат оттаму, централната банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. Дел од нив се и монетарните мерки, како на пример одлуката за промена кај инструментот за задолжителна резерва, со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Со оваа одлука, основата за издвојување задолжителна резерва во денари од страна на банките се намалува за износот на новоодобрените кредити за финансирање проекти за домашно производство на електрична енергија од обновливи извори.

Народната банка изработува и стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, во која се предвидени низа активности, меѓу кои и подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а од годинава Народната банка воспостави и редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови, за што ќе биде неопходно засилување на институционалниот капацитет, и на регулаторот, и на банките.

Next Post

Мора Хили е првата гувернерка во САД припадник на ЛГБТК+ заедницата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk