ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Маричиќ од Брисел: Успешниот старт на билатералниот скрининг е поттик за побрз напредок во реформите

November 11, 2022 14:38
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имавме одличен почеток на билатералниот скриниг, со јасни и добро подготвени презентации, препознаени и од експертите од Европската комисија, изјави заменик претседателот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, по завршувањето на првиот дел од билатералниот состанок во Брисел за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, кое е во рамки на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“.

Покрај деталните презентации коишто ги направивме на полето на законската и институционалната рамка за Јавни набавки на Република Северна Македонија одговаравме и на прашања на Комисијата и покажавме високо ниво на подготвеност. Ова е за нас поттик да продолжиме понатаму и што побрзо и што поуспешно да ги завршиме скрининг состаноците. Тоа ќе ни даде една целосна слика колку сме успешни, каде имаме уште многу работа, и во кој временски рок можеме да ги заклучиме преговорите. Имаме многу енергија, имаме многу знаење и многу работиме за да дојдеме до зацртаната цел – членство во Европската Унија до 2030 година, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Како главен преговарач со Европската Унија, Маричиќ го предводи македонскиот преговарачки тим на првиот состанок од билатералниот скрининг, на кој присутни се и заменик преговарачот и државен секретар Дрита Абдиу- Халили и Зулфи Исмаили, амбасадор во Постојаната мисија на Северна Македонија при ЕУ со седиште во Брисел.

Членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, им ја претставија на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес.

Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област. Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за финансии, односно Бирото за јавни набавки, а работната група е предводена од државниот советник во Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски.

Северна Македонија, иако заедно со Албанија ги започна преговорите со Европската Унија и заеднички ги следат објаснувачките скрининг состаноци, за билатералниот скрининг се одделуваат и секоја земја продолжува засебно да ја води оваа фаза од скринингот. 

Според календарот на Европската комисија, скрининг-процесот за Република Северна Македонија предводено е да трае до крајот на ноември 2023 година.

Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

По допрен глас

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk