ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Милошоски обвинува, а кога беше „моќник“ беше агенција за вработување

November 11, 2022 13:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Антонио Милошоски е еден од главните критичари на политиките на Владата и носител на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Медиумите пишуваа дека од позиција на партиски и државен функционер си вработи поголем дел од семејството низ државни институции. Моќта ја искористил за промоција на непотизмот на дело. Сега, од позиција на опозиционер, како да го заборавил минатото и критикува за непотизам кај власта.

Јавноста во поголем дел ги знае имињата кои завршиле на државни работни позиции, а се во некаква роднинска релација со Милошоски. Жената на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во УЈП, вујкото на Антонио, Владо Коруноски успеа да се вработи во Агенцијата за катастар, додека неговиот братучед Станко Коруноски вработување доби во Централниот регистар.

Сепак, ваквите сомнителни вработувања не завршија тука. Место во државната управа се најде и за неговата братучетка Јелица Милошоска, во ЈП Водовод и Канализација Скопје. За овие примери на непотизам објави и Државната комисија за спречување на корупција, која сепак немаше надлежност да отвори случај. Но, овој став на Антикорупциска е сосема доволен да покаже дека постоел непотизам кај овие вработувања, со што моралниот кредибилитет на Милошоски за темата непотизам е на нула.

И покрај тоа што најверојатно знаел дека ги прекршува правилата на игра, сепак медиумите продолжија со информации дека имало и други вработувања. Зетот, Марјан Коруноски добил работна позиција во МЕПСО, а неговата братучетка Александра Коруноска станала директорка на основно училиште.

Освен вработувањата на неговите најблиски, семејството на Милошоски го презеде и Здружението на возачи во Кичево. Поранешните вработени во ова компанија сведочеа дека Здужението на возачи било преземено на мафијашки начин и биле избркани сите вработени.

Против Милошоски случај има и обвинителството. Предметот од прислушуваните материјали,  „Моќник“, беше истрага на поранешното СЈО и стана првата истрага за која редовните обвинителства поднесоа обвинение. Во овој случај се товарат Милошоски, неговиот татко, ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, како и членовите на некогашната Лустрациска комисија со нејзиниот претседател Томе Аџиев. Случајот се однесува на продажба на имот во село Ижишта, како и на лустрирање на „неподобен“ судија.

Токму примерот на Милошоски, непотизам и злоупотреба на политичката моќ за остварување лични цели е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ која имаше интензивен израз цела деценија. Со оглед дека Милошоски е постојано во врвот на партијата, и тогаш, и сега, неговите зборови кога обвинува за непотизам се без кредибилитет и морал.

 

Next Post

По 25 години работа меѓу четири ѕида, за Александар пчеларството е позитивна промена: „Добриот збор за квалитетниот мед надалеку се слуша“

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk