Министерот за надворешни работи Бујар Османи на фејсбук објави дека телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Финска Пако Хависто за процесот на прирапување на Северна Македонија во ЕУ, за состојбата на Западен Балкан и за претстојното претседавање со ОБСЕ.
„Досието на Република Северна Македонија во ЕУ и тековни пристапни преговори, тема на разговор со министерот за надворешни работи на Финска, Пеко Хависто. Регионална динамика на Западен Балкан во денешниот геополитички контекст. Претстојното претседавање со #OSCE2023 на #СевернаМакедонија“ напиша Османи на фејсбук.