ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Османи – Ринкевичс: Потврдена поддршката од Рига за ЕУ-интеграциите, реформите клучен елемент за успешноста на пристапните преговори

November 11, 2022 17:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Eвропската идеја на Балканот ќе биде заокружена само доколку процесот добие вистинска валоризација преку интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата во Рига со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс.

Како што соопшти МНР, Османи го брифирал соговорникот за активностите поврзани со тековниот скрининг процес, како значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Унијата. Османи, воедно, ги поздрави континуираните заложби на Латвија како дел од  „Групата на пријатели за проширување” за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјална Рига за нашата европска перспектива.

Ринкевичс, се наведува во соопштението, повтори дека Латвија останува силен поддржувач на Северна Македонија, охрабрувајќи ја нашата земја да продолжи со реформите и посветено да ги зајакнува капацитетите како клучен елемент за успешноста на пристапните преговори. Ринкевичс истакна дека Рига високо го цени усогласувањето на Северна Македонија со санкциите на ЕУ како одговор на руската инвазија на Украина, со очекување дека поддршката и соработка ќе продолжи и понатаму.

-Двајцата министри се согласија дека во услови на нарушена европска безбедност и зголемување на ризиците од аспект на стабилност и безбедност, како резултат на руската инвазија на Украина која трае веќе цели осум месеци, неопходни се мудри одлуки, единство и солидарност меѓу сите чинители. Заеднички заклучија дека сојузништвото и обединетоста во НАТO се од примарно значење, се посочува во соопштението.

На средба биле разменети мислења за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка, особено во светло на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година.

Двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Република Латвија, кој ќе овозможи поблиска соработка на експертско ниво, стои во соопштението.

Next Post

Во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk