ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Инклузијата е неминовен процес со што се става крај на подредената положба на учениците со атипичен развој

November 11, 2022 11:13
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Децата со попречености имаат сé поголеми можности и услови да посетуваат редовна настава, со што се зголемува бројот на инклузирани ученици во однос на оние кои учат во специјалните училишта, односно во сегрегирана средина. МОН постојано работи на изнаоѓање системски решенија со кои обезбедувајќи услови и материјални и човечки, ќе се избегне досегашниот систем на паралелно образование, односно редовни и специјални училишта“

Ова го изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на средба со регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан која е во посета на Северна Македонија.

„Токму овие т.н. специјални училишта ги трансформиравме во основни училишта со ресурсни центри, кои треба да бидат поддршка на основните и средните училишта за непречена инклузија на учениците со атипичен развој, со што ќе бидат дел од редовниот образовен процес во земјава„ додаде Шаќири.

Де-институционализацијата, истакна министерот,  во нашето општество, во последниве нeколку години се реализира правопропорционално со инклузијата на учениците со посебни образовни потреби.

Министерот Шаќири, напомена дека министерството континуирано работи и на подигнување на нивото на инклузивност на образовниот систем и создавање училишна клима каде вистински се прифаќаат децата со атипичен развој.

Со новиот Закон за основно образование, потенцираше тој, услугата образовна асистенција e обврска на државата.

„Минатата учебна година беа ангажирани 500 образовни асистенти, додека од септември оваа година се ангажирани 720, согласно искажаните потреби на родителите или старателите на овие ученици, во основните училишта. Тоа што ни преостанува е реализирање на обврската за обезбедување образовна асистенција за учениците во средното образование, што ќе ја реализираме откако ќе биде донесен новиот Закон за средно образование„ изјави Шаќири, додавајќи дека во меѓувреме, образовните асистенти за средношколците се ангажираат преку програма за општинско корисна работа.

Радува и фактот, истакна министерот, што од година во година, бројот на ученици вклучени во инклузивниот образовен процес, расте. Во учебната 2021/22 година, во  основните училишта се вклучени вкупно 911 ученици со посебни образовни потреби и 312 ученици со посебни образовни потреби инклузирани во редовните средни училишта.

За зголемување на инклузивноста во образованието, МОН работи на две програми со Европската делегација. Со првата, 12 образовни објекти, по 4 од основно, средно и високо образование, ќе бидат реконструирани и ќе добијат пристапни рампи и пристапност до просториите, со средства од ЕУ.

Согласно новата Концепција за основно образование, започнат е процесот на адаптација на учебниците и нивно печатење со Брајова азбука, како и адаптација во аудио формат, со аудио читач кој може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

„Од позиција на министер за образование и наука можам да ветам и понатаму максимална заложба за подобро образование и за градење на поквалитетен инклузивен образовен систем, систем во кој ќе бидат вклучени сите ученици“ изјави Шаќири.

Next Post

Младите од регионот: Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk