ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

В недела завршува аплицирањето за стипендии за средношколци

November 11, 2022 10:46
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Рокот по конкурсите на Министерството за образование и наука за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година истекува в недела, 13 ноември. Девет видови стипендии се со месечен износ од 3.500 денари и корисниците ќе ги добиваат за време на учебната година. Стипендиите за ученици Роми се распределени во четири категории со месечни износи од 800 до 2.200 денари.

Илјада и петстотини стипендии се за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови, согласно програмите за стручно образование од јавните средни училишта.

Петстотини стипендии се наменети за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење.

Ќе бидат доделени 900 стипендии за социјална поддршка на ученици во јавните средни училишта. За ученици кои се од наставни програми од угостителско-туристичката струка, електротехничка, градежно-геодетска, земјоделско-ветеринарна, машинска и текстилно-кожарска струка МОН ќе додели 240 стипендии.

За талентирани ученици спортисти се наменети 150 стипендии, за ученици со посебни потреби ќе бидат доделени 120 стипендии. Сто стипендии се за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки, 50 стипендии за талентирани ученици од областа на уметностите  и 50 стипендии за ученици – деца без родители.

Вкупно 920 стипендии ќе бидат доделени за средношколци Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година. Овие стипендии се распределени во четири категории и се со различен месечен износ, од 800 до 2.200 денари.

Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање.

Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука – директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Next Post

Претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk