ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Зелената геоекономија во фокусот на Европскиот самит во Прага

November 11, 2022 12:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Слично на ЕУ како целина, која е околу 60% зависна од увезената енергија, регионот на Западен Балкан е исто така многу зависен од увозот на фосилни горива. Се јавува потреба за посилна регионална соработка преку прекугранична трговија со енергија, инвестиции во развојот на инфраструктурата и енергетските ресурси и размена на информации и технологија во регионот како ефикасно решение за справување со енергетскиот дисбаланс“. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешното обраќање на панел дискусијата Зелена геоекономија и европско соседство, како дел од Европскиот самит во Прага.

Министерот Нуредини истакна дека Република Северна Македонија како држава е посветена во исполнувањето на сите предуслови за интегрирано климатско делување, за што се усвоени повеќе документи, дополнително осврнувајќи се на поддршката којашто е спремна да ја даде Европската Унија преку пакет грантови за ублажување на последиците од енергетската криза и градење на отпорност на краток и среден рок.

Нуредини ја искористи оваа прилика да испрати порака до меѓународните институции и банки за нивна континуирана поддршка во спроведувањето на овие политики, како и до колегите од регионот за поголема енергетска меѓузависност, со што ќе се намали нестабилноста на цените и прекините во снабдување, како главен чекор кон енергетската транзиција кон која целиме како Западен Балкан.

„Зголемената побарувачка за енергија во регионот е главно поттикната од брзото ниво на урбанизација и индустријализација. Единствено решение кое може да ја подобри севкупната ситуација во регионот е да се зголеми соработката во енергетскиот сектор преку отстранување на сите постоечки бариери за трговијата на електрична енергија, гас и нафта, како и преку дефинирање, планирање, финансирање и управување со нови енергетски поврзани инвестиции на регионален начин”, рече министерот Нуредини.

Европскиот самит во Прага е платформа за стратешки дијалог за заеднички одговори на предизвиците на ЕУ. Главни воведни обраќања на отворањето на вториот ден од Европскиот самит во Прага имаа Вера Јоурова, потпретседател на Европската комисија за вредности и транспарентност, Дирк Бушле од Одделот за европски студии за политики и управување и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Next Post

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk