Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Точно е дека Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на вмро-дпмне, но за да се почитува или осудува и тој и вмро-дпмне, треба да се знае дека тој денеска не би се борел против уставните измени со кои Бугарите би влегле во Уставот на Северна Македонија, туку за измени со кои од Уставот би биле исфрлени Македонците.
Тоа е тој континиуитет за кој се заеба да зборува Жмицко.
Зашто, суштината на политиката на вмро-дпмне е ванчомихајловистичка, а тоа значи дека
тие не ги пуштаат Бугарите во Уставот не затоа што не ги сакаат, туку затоа што мислат дека со нивната блокада ќе ги избркаат Македонците.
Не само од Уставот туку и од историјата
Ќе ги остават и без устав и без држава.
И без нација, се разбира.
Одбран е пристапот на истоштување и оглупавување.
Ванчо организирал магарешки атентати, а Жмицко организира атентати во кои нацијата страда од експлозија на распрскувачки глупости.