ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со Албанија ќе се гради инфраструктура за природен гас и обновливи енергии

November 14, 2022 14:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И јас и Еди имаме заедничка цврста политичка волја за развој на соработката, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Еди Рама. Премиерот додаде дека двајцата знаат што значи храбро и одговорно лидерство базирано на европските вредности, па затоа Северна Македонија и Албанија денес се заедно на европскиот пат.

Според Ковачевски, Северна Македонија и Албанија се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи и во клучни моменти за светот, двете земји заеднички придонесуваат за мирот и безбедноста во Западен Балкан, а со тоа и на Европа.

Денес, ги надминуваме актуелните предизвици од глобалната економско – енергерска криза солидарно, како рамноправни членки на НАТО и партнери на САД, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес и низ унапредувањето на билатералните односи. Денес ги поставуваме основите за тоа како ќе ги развиваме нашите две земји додека заеднички чекориме на европскиот пат, за тоа како да ги направиме нашите држави подобро место за живеење, да дадеме потврда дека посветено работиме, но и да дадеме надеж дека утре ќе биде подобро. Од оваа криза ќе излеземе заеднички, солидарно, и никој нема да биде оставен сам, изјави Ковачевски.

Тој се осврна на меморандумите потпишани на денешната втора седница меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Албанија.

Секако, посебен фокус има кон енергетиката кон којашто е свртено и вниманието на светот.  За да обезбедиме стабилни и одржливи извори на енергија потпишавме Меморандум за соработка во секторот за енергија. Со ова, создадовме рамка за подготовка и реализација на заеднички енергетски проекти, коишто главно се однесуваат на инфраструктурата за природен гас и за обновливите енергии. Ние денес, но и во идниот период имаме уникатна можност да ја придвижиме енергетската трансформација ја започнавме, наведе Ковачевски.

Тој додаде дека со добро поставена визија, земјата веќе инвестира во индустриите на иднината кои покрај тоа што ќе обезбедат енергетска независност, ќе отворат и можност за повеќе и подобро платени работни места за граѓаните.

Како и што кажав, оваа криза за нас и е и можност, за иновација, за развој, можност да ја претвориме земјата, во хаб на зелена енергија која понатаму, со добар план и стратегија може да го снабдува и регионот но и континентот со енергија добиена од обновливи извори. Северна Македонија има ресурси. Има сонце, вода, плодна почва. Наша обврска е да ги искористиме тие ресурси разумно и да обезбедиме подобра иднина за нашите граѓани. И тоа е нешто што е навистина вредно за размислување, но за преземање вистински чекори, истакна премиерот.

 

Next Post

Дир: Гладоморот имаше цел да се уништи украинската нација, Кремљ продолжува геноцидната политика против Украина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk