ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Неуспешен обид на Левица да ги киднапира студентските барања

November 15, 2022 16:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неуспешен обид на опозициската партија Левица да ги киднапира студентските барања и да добие ситни политички поени. И покрај протестите на педесетина студенти (читај членови на Левица), односно на  Црвена младина, сепак студентите и властите синоќа се договорија студентскиот оброк да се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март 2023 година, низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.

Законот за субвенциониран студентски оброк беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата на 05 февруари 2020 година, кога Левица немаше пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Во 2021 година е сменет поради ковид 19, наместо во картичка, студентите да добиваат кеш. Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов не биле на гласање.

Пред да се одржи средбата меѓу студентските лидери и претставници на власта, група од педесетина млади лица во „име на студентите“ протестираа пред Собранието на Република Северна Македонија. Меѓутоа, случајно или не, „студентите“ кои вчера протесираа и кои преку младинската организација „Студентски отпор“ (формиран пред три дена на Фејсбук) и кои повторно повикуваат на студентски марш во четврток (17 ноември), се членови на политичката партија Левица.

Дарија Мустафоглу, советничка на Левица во Општина Ѓорче Петров, е една од „студентките“ кои протестираа и носеше политички и навредлив транспарент во духот на реториката на нејзината политичка партија – „Без паника не јадеме колку Маричиќ“.

Дариа Мустафоглу, студентски протест, 14.11.2022
Дариа Мустафоглу, предизборен спот на Левица за Локалните избори 2021

Милица Давчева, член на Левица и Црвена младина е една од студентките кои протестираа за студентскиот оброк да се исплаќа како и досега.

Покрај редовните студии, таа се збогати со нови „знаења и вештини“ на првата левичарска крушевска школа која се одржа пред околу два месеца, односно во септември.

Студентката Давчева пред да протестира за студенски субвенциониран оброк, протестираше против европскиот закон за договoрот со Бугарија.

Јован Јанев, член на Левица е еден од предводниците на вчерашните протести (14 ноември 2021) за подобар студентски стандард.

Инаку Јанев, пред да држи студенски говори, држеше партиски говори и беше еден од најгласните и најактивните противници за договорот со Бугарија.

И Бојан Гиноски кој вчера протестираше за субвенциониран студентски оброк, по некоја случајност е член на Левица.

Револтираните студенти на Левица, не пропуштија прилика да шират и анти-НАТО кампања.

Студентскиот оброк до 15 март ќе се исплаќа според старите правила, а во овој рок низ работни групи студентските претставници, пратениците и Владата ќе бараат системско решение за надминување на овој проблем.

Ваквите политички игри на Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат, бидејќи студентите не се нивни пиони.

Извор: Цивил мониторинг тим

 

Next Post

Руските окупациски сили се повлекуваат од Нова Каховка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk