ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје се гуши додека Данела руши (или реконструира)

November 16, 2022 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците на интернет страницата „IQair“, град Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светот. Според денешните податоци на Winix кој користи информации од Министерството за животна средина, за проверка на квалитет на воздухот, врз основа на средни часовни вредности, Скопје е најзагаден град во земјата. И денеска најзагадено е во Центар, Лисиче, Гази Баба и Миладиновци со 155 ПМ 10 честички на метар кубен.

На почетокот на 2021 година Град Скопје се пофали дека според индексот на  „IQair“ за 2020 година, Скопје се наоѓа на 38 место по загаденост во светот, односно на 17 место, ако се земат предвид мерењата само на ПМ 2.5 честички во воздухот, односно подобрување во однос на 2018 и 2019 година.

„Ако во 2018 година, во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, оваа бројка во 2019 паѓа на 32.4 µg/m³ ПМ 2.5 во воздухот а во 2020 имаме 30.6 µg/m³“, стои во тогашното соопштение на Град Скопје.

Во 2021 година според извештајот на „IQair“ за просечна годишна концентрација на PM2,5 (μg/m3) за регионалните главни градови во опаѓачки редослед, Скопје се наоѓа на 25 место по загаденост со 27.7 PM2,5 (μg/m3), што во споредба со 2020 е пад за 8 места. Во Европа сме на 4 место по загаденост како земја, а во светот, според извештајот за 2021 сме на 34 место, што е пад за 4 места.

Кој е крив?

На локалните избори во октомври 2021 година, Град Скопје, ја добива Данела Арсовска за градоначалничка, со големи ветувања  како парк за иновации и бесплатните автобуси или 15 проекти што ќе придонесат кон подобрување на имиџот на Скопје, пред сѐ да прерасне во град/метропола во која здраво се живее и делува, во која се води сметка за заштита на животната средина.

Што вети Данела, а што исполни?

  • Бесплатен автобуски превоз ( не само што јавниот превоз не е бесплатен, туку во последниот месец се соочи и со исплата на вработените во јавниот превоз, раскинување на договор со приватен превозник, а на сметката на Град Скопје стојат нереализирани 70 милиони евра за подобрување на јавниот превоз)
  • 250 еколошки автобуси ( ниту екологија, ниту автобус, а подобрување на јавниот превоз, нема да се реализира, не било нејзино ветување)
  • Зелениот градски совет во соработка со невладиниот сектор ( не постои, ниту пак има најава за негово формирање)
  • Субвенции за млади до 29 години за електрични велосипеди ( повикот заврши – Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и во износ од 50% од вредноста на еден електричен тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход – ако младо лице од 15 до 29 години сака да купи електричен тротинет, најевтиниот може да го најде за 20,000 денари, а ако сака велосипед, најевтиниот е 13,000 денари)
  • 82 дена акционен план за чистење на дивите депонии во градот ( на пример, се исчисти депонијата во Општина Ѓорче Петров, на истата локација се планира мега-парк, најверојатно на загаден почва, а истовремено се создава депонија на нова локација)
  • Пречистителна станица ( За пречистителна станица Скопје се обезбедија 136 милиони евра, одложен проект заради „битката за тендери на довчерашните партнери Данела Арсовска и ВМР-ДПМНЕ, со што Скопје останува и понатаму еден од последните главни градови во Европа без станица за пречистување на отпадните води“)

Ако на нешто работи градоначалничката, тогаш реконструирањето и оди во прилог, најавена е реконструкција на 36 мостови, а барем еднаш месечно се отпочнуваат реконструкции на улиците низ Скопје, било потребно или не, ќе се види допрва.

„Зелено“ Скопје се гуши, наместо да дише, а за подобрување на состојбата не помага ниту Советот на Град Скопје. Наместо со работа и предлози како да се надмине загрижувачката состојба со загадувањето и сочувување на „зеленото“ во градот, се грабаат микрофони, се извикуваат погрдни зборови, се дели колачот меѓу „независната“ градоначалничка, „агресивната“ Левица и „алчното“ ВМРО-ДПМНЕ…

Да не ги заборавиме и 700.000 дрвја кои придонесоа кон „прочистување“ на воздухот во Скопје.

Б. Јордановска / Зелен Цивил

Next Post

Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk