ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Интервју со Арбен Таравари: Со три услови влегуваме во Владата

November 18, 2022 15:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари. Фото: Ариан Мехмети

Арбен Таравари. Фото: Ариан Мехмети

Share on FacebookShare on Twitter

На Арбен Тараври како нов лидер на Алијанса за Албанците му припадна задачата да одлучува дали партијата ќе продолжи да дејствува како опозициска партија или ќе стане дела од Владата.

Во интервју за Фронтлајн, Таравари отворено говори за понудата што ја доби за да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, за очекувањата и за условите што тој ги има доколку се нафати да ја внесе Алијанса за Албанците во власта.

„Ова е тежок период за АА кога треба да одлучи за приклучување кон Власта кога веќе има официјална понуда од таму.

Партијата направи анализи за предностите и маните од влегувањето во коалициската Влада и што се маните. При тоа констатиравме дека наше најсилно оружје е политичката конзистентност и моралната чистота. Притоа од секогаш сме биле против тежа на ДУИ и секогаш сме сметале дека треба да има јака албанска опозиција, но ако влеземе во Владата нема да постои таква опозициска сила. Од друга страна пак со влегувањето во Владата можеме  да покажеме како поинаку може да се владее со одредени институции, како што владеевме со Министерството за здравство во тие сто дена додека бевме со власта, или со трите општини со кои раководиме. Таа разлика веќе сме ја докажале.

Од друга страна со влегувањето во Владата можеме да катализираме одредени процеси со што би се доближиле до бројката 80 пратеници за да можат да се случат уставните промени за влез на Бугарите и другите етнички заедници во Уставот, неопходни за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Но овде морам да додадам дека ние како партија овие уставни промени ги подржуваме и како дел од власта но и како опозиција. Но со влегувањето во Владата мислиме дека тоа мнозинство што е за европска Македонија ќе се стабилизира повеќе.

Ова дотолку повеќе што Левица заедно со ВМРО-ДПМНЕ се повеќе како да се оддалечуваат од европската агенда на државата по потрага на гласови. Јас не им посакувам на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во таа агенда на Левица. Можеби со нашето влегување во власта ќе ги отрезни и нив дека би било добро да се изгласаат тие уставни измени до 2023 година,“ оценува Таравари.

Говорејќи за коалицискиот капацитет на АА и можностите да соработува со сите партии кои сега се во власта, Арбен Таравари вели дека најтешко за нив е да соработуваат со ДУИ.

Арбен Таравари. Фото: Ариан Мехмети

За тоа со кои барања Алијанса влегува во Владата Таравари со одговор:

„Имаме принципи што ни се битни. Едно од нив е да нема до 2024 година инаку не се гледаме во власта за само неколку месеци. Другото барање е во институциите со кои ќе раководиме да имаме автономија на раководење, и трето е динамика на тоа што ќе се договориме да се спроведува во пракса“, вели Таравари во интервјуто за Фронтлајн.

За влез во владиното мнозинство, вели Таравари е разговарано и со меѓународниот фактор, и затоа се надева на коректност.

Во однос на кои министерски места или ресори таргетира АА, Таравари вели дека немаат посебен таргет на институции, но потсетува дека се партија со осум респектабилни пратеници и соодветен стручен кадровски потенцијал.

На прашањето дали би го прифатиле Министерството за здравство, Таравари со одговор: „зошто да не, и тоа е една од опциите“.

Љубиша Николовски

Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети


(ЕКСКЛУЗИВНО) Таравари: Во власта ќе влеземе само ако нема предвремени избори

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk