ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АСО додели награди на ученици за цртежи и творби по повод деновите на финансиска писменост

November 21, 2022 12:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 27 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Со овој настан АСО ги започна активностите по повод седмицата на финансиска писменост, а воедно успешно го реализираше јубилејниот односно десетти по ред Конкурс за избор на теми по повод 1 ноември – Денот на осигурувањето.

– На темите „осигурувањето ме заштитува од ризици“, „моја инвестиција – полиса за осигурување“ и „осигурувањето е моја финансиска сигурност“ годинава АСО доби повеќе од 80 трудови од ученици од десетина градови и населени места ширум земјава, наведуваат од АСО.

По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на екпперти на АСО ги доделил наградите и признанијата на учениците и ученичките од основните и од средните училишта. Шајноски се заблагодарил на сите пристигнати творби и им порачал на децата дека тие сега се партнери на АСО во ширењето на финансиската писменост и во активностите за подигање на свеста за значењето на осигурувањето како за индивудуата така и за целото општество.

Со овој настан АСО ги започна активностите со кои се одбележуваат деновите на финансиска писменост кои ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите (Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување – АСО и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување МАПАС).

– АСО во рамки на своите активности од почетокот на ноември има посети училишта во кои преку соодветни форми ќе едуцира ученици за значењето на осигурувањето, учество на ТВ емисија од едукативен формат, а ќе публикува и содржини на социјалните мрежи со изразена едукативна компонента за атрубитите на осигурителните производи и за заштитата на правата на осигурениците, се вели во соопштението.

Next Post

Горивата поевтинуваат за 1,5 до три денари

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk