ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимоски: Треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии

November 24, 2022 19:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА

Во следниот период треба да продолжиме со инвестициите во фотоволтаци, но треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии и да се работи на поедноставување на регулативата за поставување батерии, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 14. бизнис форум „Енергетската сегашност и иднина”, што се одржа вечерва во организација на Ротари клубот Скопје – Центар.

„Сите инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија и тоа треба да продолжи, но ни треба базна енергија. Во моментив базната енергија ја обезбедуваме од термоелктраните од јаглен и треба да сме реални за нивниот животен век затоа што не може да очекуваме од пензионери да трчаат маратон – тоа е невозможно. И никој нема да ни даде финансии да инвестираме во нови термоелектрани, но она што треба да го направиме е да го обезбедиме природниот гас за производство на електрична енергија и таа треба да ни биде базна енергија“, укажа Бислимоски.

Како што истакна, поради енормните цени на берза на струјата и природниот гас – енергетиката стана тема и сега е одлична шанса за сите да ја насочат енергијата и да се инвестира во она што не се инвестирало 30 години.

„Без енергетика нема економија, без економија нема држава. Кога зборувам за енергетиката во последните 30 години, приватниот сектор за разлика од државата повеќе инвестираше. Од средината на мината година кога екстремно се зголемија цените на струја и гасот енергетиката стана главна тема, а до тогаш сите проблеми беа ставени под тепих. Сите инвестици кои се најавуваат ќе се реализираат и ќе придонесат за зголемување на енергетската независност што е одлично. Но, на граѓаните им треба струја сега.Сведоци бевме во минатото на евтин популизам – за ценовна стабилност и отсуство на инвестиции. Денеска е дојдено време кога сите тие неинвестиции ќе се платат. Да се инвестирало во последните 30 години од увозно зависни ќе станавме извозници“, рече Бислимоски.

Tags: батерииБислимоскифотоволтаици
Next Post
Широк Сокак, Битола. Фото: А. Блажевска / Независен

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk