ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ: Исполнета обврската за снабдување со поевтина електрична енергија за виталните институции

November 25, 2022 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ денеска соопшти дека навреме ја исполниле обврската за снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустрија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата, од 1 декември. Ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, тоа да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од почетокот на следната година.

„Во услови на енергетска криза во европски рамки, но и пошироко, АД ЕСМ исполни уште една обврска произлезена од кризата, а тоа е снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата. Ова задолжение дадено со заклучок од Владата е исполнето навремено и во најкусо време, со цел наведените институции да можат да бидат снабдувани со поевтина енергија веќе од 1 декември. АД ЕСМ ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, истото да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од 1 јануари“, стои во соопштението од компанијата.

ЕСМ потсетува дека Одлуката на Владата беше донесена за да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на води, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата рече дека  ги вложуваат сите напори, по задолженија од Владата, да ги менаџираат и кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија.  По задолжение до Владата, АД ЕСМ го презеде парното греење во Скопје, дополнителното снабдување со електрична енергија, 100 проценти испорака на електрична енергија кон ЕВН Хоум, наместо 60 проценти како што е по законот, покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и на МЕПСО и работење на ТЕЦ Неготино.

Next Post

Скендери од „Ромалитико“: Балансерот ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk