ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Скендери од „Ромалитико“: Балансерот ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница

November 25, 2022 14:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Често се случува Гостивар да биде еден од примерите за негување на мултикултурализмот, односно меѓуетничките односи се на високо ниво и се почитуваат правата на сите заедници. Можам да кажам дека тој примат Општина Гостивар го носи од многу одамна. Во рамки на балансерот, морам да кажам дека тој ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница. „Ромалитико“ години наназад ги анализира повиците за позициите кои се отвараат за државниот и јавниот сервис. Се уште стоиме на 1,3% на застапеност, а треба минимумот да биде 2,6%. Се уште стоиме на 0,3% за разлика од останатите заедници. Ромите се уште се презастапени во јавните комунални претпријатија. Значи во јавните комунални претпријатија имате најмногу Роми, но кога зборуваме за државните органи, за јавната администрација, тогаш најмалку се застапени Ромите“, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“ на настанот во организација на Цивил, на тема „На чија услуга е балансерот“.

„Со развојот на сите случувања во државата, балансерот најпрво претставува математичка формула, пресликана во алгоритам кој треба да помогне на јавната и државнат администрација, односно застапеноста да биде за сите заедници. Таа формула или балансерот како целост претставува сериозен проблем запомалите етнички заедници, посебно за Ромите, само затоа што балансерот знае да направи грешки. Балансерот знае да фаворизира некои етнички заедници, балансерот знае да направи поголема штета отколку корист за заедниците“, додава Скендери.

-Се наоѓаме во длабока криза на разбирањето на мултикултурализмот и во застапеноста и правичноста посебно во јавните органи. Големата идеја на балансерот беше да почуствуваме дека сме дел од државата. За да почуствуваме дека сме дел од државата и општествените текови, треба да бидеме во тие текови. Само во последните три месеци, во објавените повици за државната и јавната администрација имате пет отворени позиции за Роми, потенцира Скендери.

На панелот се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

Tags: балансерРомалитикоромиСуад Скендери
Next Post

Приватните превозници во Скопје нема да возат додека не се реши проблемот

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk