ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Стојчевска на отворањето на новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар во кој победник е културата

November 25, 2022 15:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

„Во новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, посакувам да се всели нова енергија во македонско-бугарските културни релации и со убава емоција да се разгори страста за уметничка креативност како ’поле за културен натпревар‘ во кој победник е културата“. Во името на тоа пријателство, отворете ѝ ги ширум портите на културата!“, порача денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, заедно со министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков, ги отвори новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот, македонскиот, во Софија, ја имаат таа цел – да нė поврзат, да нė едуцираат едни за други и преку културата да нė доближат и како народи и како пријатели.

На свеченоста, за улогата на културно-информативните центри во Скопје и во Софија, говореше и министерот за култура на Р Бугарија,  Велислав Минеков. Тој го изрази задоволството од отворањето на новиот простор во центарот на Скопје, кој се промовира речиси по 20 години од отворањето на бугарскиот КИЦ во земјава. „Културно-информативните центри“, рече Минеков, „се мост кој создава услови за просперитет и зближување на двете култури, и кој го обезбедува заслуженото место на културата во општествата.“

Свеченото отворање беше проследено со изложба на дела од современи уметници од Северна Македонија и од Бугарија.

Претходно, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска имаше средба со својот бугарски колега, Велислав Минеков, на која присуствуваа и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот КИЦ во Скопје, Антонија Велева.

На средбата, министрите ја потврдија традиционалната соработка и го изразија своето задоволство од фактот што министерствата за култура на двете земји негуваат слични приоритети во својата културна политика, во делот на заштитата на културното наследство, како и во поттикнување на активностите на младите. Беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти, како и за активности што би можеле да се реализираат како заедничка агенда на културно-информативните центри во двете држави.

Костадиновска-Стојчевска, во оваа пригода, го запозна Минеков и со идејата за отворање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Благоевград, изразувајќи уверување дека токму овие центри ќе придонесат за реализација на многу проекти и иницијативи преку кои бугарските и македонските автори и уметници ќе се претстават пред културната јавност во двете земји.

Next Post

Грковска: Законот за потекло на имот ќе даде еден сериозен придонес во борбата против корупцијата и затоа е важно да биде прецизен и недвосмислен

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk