ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Вие сте НАТО и вие сте браникот на современите, цивилизациски вредности

November 30, 2022 10:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Вие сте НАТО и вие сте браникот на современите, цивилизациски вредности. Вие сте составен дел од колективната одбрана која овозможува да живееме во мир, безбедност и стабилност.

Бидете сигурни дека сте повеќе од достојни да бидете рамо до рамо со вашите сојузници зашто вашиот професионализам е видлив, а вашата мотивација висока. Вие сте еднакви меѓу еднаквите и тоа нека биде уште еден мотив да покажете дека Северна Македонија има професионални војници, подофицери и офицери кои се составен и активен дел од нашиот безбедносен чадор – колективната одбрана“ истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свеченост во касарната „Илинден” во Скопје по повод испраќањето на два вода од Армијата на Република Северна Македонија во борбените групи на НАТО во Бугарија и Романија.

„Завршете ја вашата мисија, помогнете во колективните напори за зацврстување на безбедноста и стабилноста на НАТО и вратете се дома кај своите семејства. Ве очекуваме по вашата ротација со уште поголемо искуство, и со уште посилен мотив да продолжите секојдневно да работите за просперитетот на својата нација.“ рече Петровска.

„Чест ми е што стојам пред вас, припадниците на македонската Армија, нашата НАТО Армија. Вие сте првите единици во борбените групи на Алијансата во Бугарија и во Романија, каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили сте составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Знам дека одлично ќе се вклопите во заедничкиот тим во овие две земји и дека ќе бидете армиски припадници на кои секој ќе може да се потпре“, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје по повод испраќањето на два вода од Армијата на Република Северна Македонија во борбените групи на НАТО во Бугарија и Романија.

Министерката истакна дека денешната реалност е исполнета со безбедносни предизвици, но дека НАТО е силен и одлучен во својата намера да ја заштити евроатлантската област, вклучувајќи го и нашиот регион и Северна Македонија.

„Нашиот сојузнички одговор е јасен и гласен. Нема да дозволиме никој да ја загрози нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани, нашите блиски и нашите семејства. НАТО е одбранбена алијанса и не претставува закана за ниту една земја, но НАТО е подготвено и обединето во одбраната на секоја педа сојузничка територија, а тоа е факт кој можеме да го видиме и денеска на ова свечено испраќање“, истакна министерката.

На припадниците на Армијата упатени во овие две борбени групи им упати порака да бидат горди на себе зашто се браникот на современите цивилизациски вредности и се составен дел од колективната одбрана која ни овозможува да живееме во мир и безбедност.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АРМНАТОСлавјанка Петровска

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk