ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска – Танер: стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан се суштински за безбедноста на Европа

December 1, 2022 15:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Славјанка Петровска денеска во Кремс се сретна со австриската министерка за одбрана, Клаудија Танер со која разговараше за потребата од интензивен дијалог и соработка во однос на безбедносните предизвици со кои се соочува континентот, како и за потребата од брза и ефикасна европска интеграција на земјите од Западниот Балкан.

„Австрија како непосреден сосед на регионот и одличен познавач на балканските прилики е директно засегната од  потребата за ефикасна европска интеграција на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија. Стабилноста, безбедноста и просперитетот на земјите од Западниот Балкан имаат големо влијание врз безбедноста на целиот континент“, рече министерката Петровска на состанокот.

Министерката истакна дека самиот факт дека седиштето на ОБСЕ е во Виена, ја покажува силната посветеност на Австрија кон мултикултурализмот. Петровска се заблагодари за австриската поддршка во контекст на претседавањето на Северна Македонија со оваа организација во 2023 година, кое доаѓа во една комплексна безбедносна состојба на континентот.

Министерката Танер ја повтори заложбата на Австрија за поддршка на патот на земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија кон полноправно членство во Унијата и истакна дека земјата ќе продолжи да биде активна во достигнувањето на оваа цел, и во рамките на ЕУ, но и во регионот.

На средбата стана збор и за билатералната одбранбена соработка, за која беше речено дека е особено интензивна. Министерките Петровска и Танер изразија подготвеност за уште посилна соработка што може да се види и преку веќе усогласениот План за билатерална соработка за 2023 година кој опфаќа повеќе области меѓу кои и безбедносната политика, меѓународните операции и воената обука и едукација.

Како начин за зацврстување на соработката беше споменато и партнерството со Националната гарда на Вермонт, кое го реализираат и двете земји и кое отвора можност за дополнителни заеднички активности во одбраната, кризниот менаџмент, образованието и економијата.

Воената соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија се реализира од 2006 година и истата е особено активна во однос на истражувањата на безбедносната и воена политика, размената на искуства во доменот на логистиката, воената обука и образование и курсевите за операции за одржување на мирот.

Next Post

Уставен ја укина одредбата за право на надоместок поради попреченост „најдоцна до 65 годишна возраст“

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk