ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Пропаднаа “аферите” со имиња „Тајни имоти” и „Паразити” – Како погрешната ПР стратегија на ВМРО ДПМНЕ му се удри во глава директно на Мицкоски, па мораше да биде заборавена?

December 1, 2022 19:44
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Утрото на 22 октомври 2022, на повеќе места во Скопје па и во близина на седиштето на СДСМ осамнаа плакати „Што крие власта од народот-афера тајни имоти“, па граѓаните кои поминуваа покрај овие скапо платени рекламни материјали беа љупобитни да дознаат што тоа ќе открие ВМРО ДПМНЕ, но откако започнаа со објавување на податоци кои не држат вода, дури и за тоа со имиња на лица кои не се на високи позиции, оваа кампањска афера пукна како балон.

Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински беа дел имиња од аферата „Тајни имоти“ кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Аферата, според опозициската партија, броеше 123 лица, меѓу кои има државни функционери, претседатели на комисии, директори и раководни луѓе на институции.

Интересно е како овие афери за брзо доживеа вистински дебакл, со оглед дека на нив не се најде ниту едно високо позиционирано лице, а истовремено објавените податоци од страна на опозициската партија за веќе објавените имиња се толку празни и без документи, што може да ја чинат партијата многу пари доколку биде дадена на суд од наклеветените граѓани.

Слично помина и аферата паразити која пак директно му се удри од глава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ со голема помпа, скапо-платени рекламни материјали ја најави аферата “Паразити”, но кога почна да објавува имиња на функционери и за тоа колку плата добивале се отворија многу прашања, особено колкава плата земале нивните претходници кои биле назначени од ВМРО ДПМНЕ. Се отвори и прашањето кој всушност пред една деценија ги одредил тие плати, период кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ.

Кога аферата започна, СДСМ излезе со рафален контра удар, па она што требаше да биде скандал веднаш мораше да стивне – Дали поради погрешната пр стратегија на пи-арџиите во ВМРО ДПМНЕ?

„Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. За време на неговата кариера како советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но и по разрешувањето, за Мицкоски биле исплатени над 93.000 евра. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра. За советување вкупно му се исплатени околу 50.000 евра“, рече во една прилика Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Каевски не застана тука:

„Потоа како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето. Покрај што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување. Иако по разрешувањето од функцијата директор и претседател на Управниот одбор се вратил да работи како професор на факултет за 12 месеци на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари. За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто. По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните,”, рече Каевски од СДСМ.

Каевски продолжи со откривање на информации дека и покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ. Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.

Во периодот додека била член на управниот одбор и директор за финансии од февруари 2014 година, до август 2017 година за плати за Кочоска Димитриевска биле исплатени 4.148.608,00 денари или повеќе од 67.000 евра, рече тогаш Каевски.

После ова и двете кампањи кои требаше да бидат афери стивнаа и се на крајот заврши по познатата изрека “Тресла се гора, родио се миш”.

Извор: Центар

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕпропаднати афериХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk