ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Деветта закана за бомба во училиштата, повторно во истата смена

December 2, 2022 11:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На адресите на осум училишта за средно образование во Скопје, по двонеделна пауза, попладнево повторно стасал мејл во кој пишува дека е поставен експлозив. Директорите на училиштата со кои поразговарвме, веднаш ги евакуирале учениците и вработените. Станува збор за училиштата „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

„Денеска околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, информираа во МВР.

Митко Димовски, директорот на „Орце Николов“, за Мета потврди дека и овојпат дојавата стасала во втората смена. Истото ни го потврди и неговиот колега Јован Петрески од гимназијата „Панче Арсовски“ во Автокоманда.

„Кај нас дојавата стаса во истата смена, кога на училиште се учениците од трета и од четврта година. Ги евакуиравме учениците и вработените, а екипи од МВР си ја работат својата работа на терен. Ова е едно од помалите училишта за средно образование во градот“, вели Петрески.

И денешната испратена порака е со вознемирувачка содржина. Мета.мк успеа да добие копии од содржината од повеќето лажни закани за бомби. Денешната порака, испратена од „ANTIY Gre“, е насловена „Во училиштето се поставени огромно количение експлозив“, а во самата содржина на пораката е наведено дека сите ќе биле убиени со „коли, бомби, ножеви“.

Досега, за сите дојави за поставени бомби се потврди дека се лажни. Последната, осма дојава за бомба беше испратена на 16 ноември на електронските адреси на училишата. Таа се разликуваше од претходните по тоа што испраќачот бараше поткуп. Првата, пак, се случи на 26 октомври, кога пет училишта експресно се испразнија заради мејл со закана испратен од извесна „Нова ера“.

На 11 ноември содржината во мејлот се разликуваше по тоа што имаше прикачено и фотографија со бомби на неа, преземена од Интернет. Мета тогаш ја провери автентичноста на фотографијата со помош на Google reverse image search, по што се покажа дека истата фотографија не е оргинална, односно е објавена на интернет во декември 2020 година.

Откако се случија лажните дојави и губењето настава, училишните раководства чекаа насоки од МОН за тоа како да се одработи и надомести пропуштеното. Одговорните во МОН истратија соопштение во кое им наложија на училиштата да најдат начин и да ги одработат пропуштените часови до крајот на првото полугодие, односно до Нова година.

Иако министерот Спасовски најави наскоро решавање на случајот, сè уште не се познати деталите за тоа кој го нарушува образовниот процес и сее страв кај учениците, нивните родители и наставници, како и кај целото општество.

Извор: МЕТА

Tags: закани од бомбиучилиште
Next Post

Бер Грилс снима емисија во Украина

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk