ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Амбициозно дизајниран буџет за заштита на граѓаните од последиците од кризата и за одржлив раст на економијата

December 5, 2022 12:52
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран Бојаровски

Буџетот не се само бројки на хартија. „Преведени“ тие бројки ги претставуваат вредностите кои во наредниот период ќе се аплиицираат низ политиките на актуелната политичка власт во земјата.

Она што е новина е што Буџетот 2023 е прв од реформирамиот Закон за буџет со кој се најавени крупни промени во управувањето со јавните финансии, односно со парите на граѓаните. Поточно и поконкретно, Буџетот 2023 е официјално првиот среднорочен буџет кој ја утврдува рамката за пошироката слика  во која се „насликани“ актуелните и претстојните предизвици за македонската економија, како и за остварување на целите кои Владата се амбицира да ги оствари на среден рок.

Дека нема да биде лесно говори и самиот факт дека 2023 е трета година за којашто се креира буџет во услови на глобална економска криза. Во такви услови се чини дека е реално проектиран економскиот раст во наредната година на 2,9% којшто ќе треба да ги издржи притисоците на инфлацијата која што Министерството за финансии на годишно ниво реално ја предвидува со стапка од 7,1% заради цените не енергенсите и храната на меѓународните пазари.

Сепак, среднорочните проекции коишто се изведуваат од нормализацијата на глобалните движења и растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери, како и од очекувањата на економските политики и мерки преточени во Планoт за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, најавуваат двојно поголем економскиот раст со просечна стапка од 4,6% во периодот 2023-2027 со проценки дека во 2025 година растот ќе достигне 5%.

Факторите за овој очекуван стабилен економски раст Владата ги гледа во макроекономската стабиност, во фискалната консолидација и во капиталните инвестиции.

Првата грижа за Владата и за Министерството за финансии, како што покажуваат и бројките во Буџетот за 2023, ќе биде да се надминат предизвиците што ќе ги донесе наредната година којашто низ којашто уште ќе се „влечат“ последиците од кризата.  За соочување со тој предизвик се издвоени средства во износ од 250 милиони евра за поддршка за надминување на кризата.

Искуствата и од справувањето со ковид-19 кризата и со енергетско-економската се пресликуваат и во буџетот за 2023 година. Освен во мерките за економска одржливост и раст во кризни услови, најголем дел од средствата се насочуваат кон човечкиот и општествениот развој.

Токму затоа, за социјалните трансфери се планирани 75 милијарди денари, односно 1,2 милијарди евра, за исплата на пензии, односно за околу 10% повеќе, или 120 милиони евра, во однос на годинава, со цел да се обезбедат средства за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и со трошоците за живот, по систем 50% од просечната плата и 50% од висината на трошоците за живот.

Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани. Исто така, по 1,5 милијарди денари се планирани за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и за активни мерки за вработување, што е сосема логичен одговор заради потенцијалните закани од кризата.

Во здравството се планирани 63 милиони евра повеќе во однос на 2022 година, односно вкупно 685 милиони евра, за финансирање на здравствените услуги за граѓаните и за исплата на обврските на јавните здравствени установи.

Во буџет 2023 предвидени се средства во висина од 433,9 милиони евра за поддршка на општините. Ова се значително зголемени трансфери до единиците за локална самоуправа, согласно реформата за фискалната децентрализација со која приходите од ДДВ што се распределуваат на општините се зголемени од 4,5% на 5,5%.

Повисоките средства за општините се особено значајни и заради децентрализацијата на социјалните услуги кон граѓаните кои со реформата на социјалната заштита ја преземаат надлежноста за нивно испорачување кон граѓаните за што е предвидени дополнителна фиинансиска поддршка.

Делот од буџетот за општините ќе ја обезбеди и непречената исплата на зголемените плати за 15% во основното и средното образование на локално ниво и како и повисоките плати за 15% за воспитувачи и негувателки во детските градинки.

Ставката за капитални инвестиции за 2023 година е повисока за 52,3% во однос на оваа тековна година, и со 800 милиони евра Владата и Министерството за финансии ја спроведуваат декларираната определба капиталните расходи да бидат повисоки од буџетскиот дефицит. Преведено тоа значи дека ќе се позајмува само за проекти коишто ќе дадат додадена вредност во економијата, ќе го забрзаат растот и придонесат за подобрување на животот на нашите граѓани.

Планирано е интензивирање на инфраструктурните проекти, односно инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

За приоритетите на Северна Македонија, на Владата и на граѓаните, како што е преговарачкиот процес со ЕУ, исто така се предвидени повеќе средства во Буџетот за 2023 година, а еден дел од тие пари ќе биде насочен и за реализација на препораките за усогласување со европското законодавство утврдени со Европската Комисија, а кои произлегоа од Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година.

 

 

Next Post

СДСМ: Хаосот во Скопје го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk