ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби се сретна со американската амбасадорка Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со САД

December 5, 2022 19:49
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со новата амбасадорка на САД, Анџела Агелер, на која и посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија, се наведува во соопштението на Министерството.

Груби и Агелер на средбата разговараа за потребата од уставните измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.

Уставните измени се оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше проценето дека земјава нема време за губење.

Натамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со САД.

Функционирањето на владината коалиција беше оценето како квалитативно, а Груби истакна дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговараше и за предлогот за ветинг кој треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите, како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изрази благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении, се додава во соопштението.

Next Post

Книгата „Мојот маж" на Бужаровска преведена од македонски на грчки јазик

Shortcut

Најново

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk