ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Членство во ЕУ во 2030 е можно само со јасна политичка волја од двете страни

December 5, 2022 13:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска нагласи дека најбрзо до членство во ЕУ ќе се дојде само доколку има јасен израз на политичка волја за силни реформи без импровизации од страна на земјите од Западен Балкан, но и јасна политичка волја и од страна на државите членки на Унијата.

– Само доколку има јасен израз на политичка волја за силни реформи од страна на државите од Западен Балкан и сите Влади и тоа без импровизација, а од друга страна за тоа да има ефект и за да може навистина да имаат политичка тежина тие реформи, мора да има јасна политичка волја од страна на државите-членки на ЕУ, исто така искрено и без импровизации, да дојдеме до точка на членство што побрзо, рече Маричиќ на конференцијата на тема „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Според Маричиќ, клучно е политичката волја на Европската Унија за подинамичен пристап кон Западен Балкан да се одрази и преслика и во конкретни чекори.

– Политичката волја за проширување од страна на ЕУ и политичката волја за реформи од страна на државите од Западен Балкан – само така може да се врати довербата на граѓаните дека тоа е реално остварлива цел, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот смета дека да го започнеме членството во 2030 година е реално остварливо, но, како што вели, не е остварливо ако ја нема политичката волја и од двете страни.

Тој дополни дека тоа што војната во Украина го наметна на ниво на ЕУ е повторно геостратешкото размислување, односно перцепцијата за Унијата како мировен и политички проект.

– Неминовно на маса повторно се наметна концептот на ЕУ како мировен и политички проект, што отсекогаш била, но имало определени фази кога заради економски интереси, кризи и потенцирање на економската димензија се заборавило на оваа стратешка димензија дека ЕУ е мировен и политички проект, рече Маричиќ.

Директорката за Југоисточна Европа, Турција, OБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Сузане Шуц истакна дека се радосни што е можно да се добие зелено светло за Северна Македонија и отворање на преговорите за членство заедно со Албанија.

– Знаеме дека ова одзема многу време и дека креираше фрустрации, но сметаме дека беше многу важен чекор кој беше постигнат, рече Шуц.

Таа посочи дека е крајно време да се подобри односот меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија и крајно време земјите од Западен Балкан да донесат стратешки одлуки за тоа каде се гледаат како партнери и сојузници.

– Ние очекуваме сите земји, вклучително и Србија, да покажат дека сакаат да станат членки на ЕУ, не само со зборови, туку и преку акција и преку дела, рече Шуц.

Next Post

Тренчевска: Вложувањето во младите останува во нашиот фокус, креираме политики и мерки со кои ја зголемуваме младинската вработливост

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk