ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Наставниците го добиваат заслужениот статус, ќе имаат повисоки плати и следната година

December 5, 2022 15:05
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Со растот на минималната плата ќе продолжат да растат и платите во образованието. Од Владата информираат дека во предлог-буџетот за наредната година се предвидени средства за растот на платите во овој сектор.

-Предвидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврдено решение. Предвидени се и зголемувањата на платите во образование, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ова ново зголемување доаѓа откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата. Но, во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерот за образование Јетон Шаќири се вели дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплатата за септември 2022. Сепак во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година

Засега нема точна информација колку вработени во образовниот сектор ќе може да очекуваат повисоки примања напролет, иако годинава се зголемија платите во образование за 15 отсто за над 37000 вработени.

-Во Предлог-буџетот за 2023 година точно и прецизно се планирани средства за плати согласно растот на минималната плата и усогласувањето кај останатите вработени, содржи 250 милиони евра за справување со кризата, средства за зголемените пензии, а ѕвезда водилка на овој Предлог-буџет ќе бидат капиталните инвестиции, рече неодамна заменикот министер за финансии Филип Николоски.

Претходно од МОН кажаа дека ја реализирале заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието.

-Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариерен развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања. Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има, пишува во соопштението на МОН.

Големите покачувања на платите во образовниот сектор започнаа во 2020-тата година, кога беше договорено етапно зголемување а 21 процент, кога повисоки плати добија околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Ќе биде ли УКИМ дел од буџетот?

Последно, иницијатива за зголемување на платите покренаа вработените во високото образование. Според Синдикатот на УКИМ тие добиле ветување дека до крајот на месецот ќе биде потпишан нов Колективен договор, со кој се очекува наставниот и ненаставниот кадар да има зголемување на платите за по 25% во наредните четири години.

Д.Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk