ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕБОР: Над 200 компании во Северна Македонија ја подобрија конкурентноста со помош на ЕБОР и ЕУ

December 6, 2022 14:11
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 200 мали и средни претпијатија (МСП) во Северна Македонија успешно ги имплементираа инвестициските проекти и ја подобрија конкурентноста благодарение на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), преку Програмата за конкурентност на МСП.

Овие резултати беа презентирани на денешниот настанот кој се одржа во Скопје, а на кој беа присатни Фатмир Битиќи, Заменик Подпретседател задолжен за економски работи во Владата на Република Македонија, Мари-Маделин Канелопулу, Раководител на одделот за операции во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР.

Програмата која започна во 2019 година, ги комбинира кредитите на ЕБОР и грант поддршката од ЕУ, за натамошно кредитирање на малите бизниси во партнерство со локалните комерцијални банки. Во вкупно 316 проекти, беа пласирани ЕУР 51 милион кредити за малите и средни претпријатија во Северна Македонија. Најголемиот број од овие инвестиции се од секторот производство, транспорт, малопродажба и услуги и храна, а над 60 од нив за МСП лоцирани надвор од главниот град.

МСП имаа можност да аплицираат за средства кои ќе ги инвестираат во нова опрема и надградба која може да им помогне да ја поттикнат продуктивноста, да ги намалат оперативните трошоци, да ја зголемат енергетската ефикасност и да го подобрат усогласувањето со ЕУ стандардите. Покрај кредитите, МСП имаа корист од грант поддршката која беше во износ до 15 отсто од вкупната сума на кредитот, финансирани од ЕУ.

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР изјави: ,,Подобрувањето на пристапот до финансии за малите бизниси во Северна Македонија и поттикнување на нивната конкурентност останува една од нашите клучни приоритети. Ќе продолжиме да работиме со нашите донатори за да обезбедиме поволни кредити и грант финансирање до уште голем број МСП во земјата.’’

,,Со скорешното пристапување кон ЕУ, традиционалните економски врски ќе бидат во конкуренција со добавувачите на ЕУ. До крајот на Октомври 2022 година, 91% од средствата за Северна Македонија беа алоцирани на клиенти, а беа поддржани 10,474 работни места. Благодарани сме на ЕУ и ЕБОР за имплементацијата на оваа програма и веруваме дека ќе имаме уште повеќе цели за остварување’’ , истакна Фатмир Битиќи, Заменик Подпретседател задолжен за економски работи во Владата на Република Македонија.

Денешниот настан ги сумираше резултатите од активностите на Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија. ,,Динамичните и високо конкурентните мали и средни претпријатија се основа за раст и развој. Пристапот до финансии останува еден од често споменуваните пречки за деловниот сектор. ЕУ Делегацијата во Северна Македонија, заедно со ЕБОР ги здружија силите во креирање на Програмата за конкурентност. Во оваа насока, беа создадени инструменти за финансирање согласно високите вредности на ЕУ, кои се достапни за бизнисите во Северна Македонија. Еден од нив е и Економскиот инвестициски план за Западен Балкан, со кој се дава поддршка на буџетот со кредитни линии без камата и грант линии, како и грантови за компаниите кои се заинтересирани во еколошките иницијативи’’, изјави Мари-Маделине Канелопулу, Раководител на одделот за операции при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Програмата за конкурентност на МСП се имплементира во земјите од Западен Балкна со цел да им помогне да го подобрат пристапот до финансии за локалните МСП. До денес, над 850 компании имаа бенефит од оваа регионална програма. Партнерски финанасиси институциии во

Програмата за Северна Македонија се Шпаркасе банка Македонија, ПроКредит банка Македонија, НЛБ Банка, Комерцијална банка и Шпаркасе лизинг.

ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата, со главен фокус врз развој на приватниот сектор.

Next Post

Венко Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

Shortcut

Најново

Маригона Шабиу, YIHR Косово, воведен збори, Форум на бранителите на човекови права, Приштина, 11 јуни 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Форум на бранителите на човековите права на Западен Балкан во Приштина, во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026

Вистински препарат, точна доза и исправна опрема – пат до квалитетен тутун

June 11, 2026
Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk