ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тирана- Самит за нова надеж во европските интеграции

December 6, 2022 12:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Денеска во Тирана треба да светне некое мало светло во тунелот на европската интеграција за Западниот Балкан. Судејќи по симболиката; одржување на ваков еден состанок на највисоко ниво првпат вон ЕУ во земја од регионот, и според декларативноста; обврзување на ЕУ во завршниот документ од Самитот за интензивирање на процесот на проширувањето, може да се каже дека Путин и неговата агресивност сепак го реанимираа комираниот процес на интеграција на земјите од регионот во ЕУ.

Во нацрт заклучоците на денешниот самит во Тирана, во кој имав увид, се вели дека ЕУ се обврзува да го интензивира процесот на проширувањето согласно напредокот во реформите кои секоја од земјите од регионот ќе ги направи одделно. Во еден од параграфите на овие нацрт заклучоци исто така се вели дека интеграцијата на земјите до Западен Балкан ќе се случува постепено во текот на самиот пристапен процес. Во тој контекст може да се очекува интеграција на земјите од регионот во програми кои се сега наменети за земјите членки на ЕУ. Целта на оваа постепена интеграција е пред се да се спречи одливот на млади образовани кадри од регионот кон ЕУ. Па така во заклучоците од Самитот во Тирана се наведува дека во текот на пристапниот процес ќе бидат отворени вратите на програмите како Еразмус плус, Европскиот солидарен корпус и Европската Универзитетска иницијатива.

Од Тирана исто така ќе се објави веста за постепено намалување на цените на роамингот со перспектива за негово укинување. Договор што ќе го потпишат мобилните оператори од ЕУ и оние од Западниот Балкан.

Од Тирана ќе стигне и веста за 1 милијарда евра од ЕУ наменети за ублажување на последиците од енергетската криза како и дополнителни 2,5 милијарди евра наменети за инвестиции во енергетскиот сектор. 500 милини евра ќе бидат наменети за решавање на социјалниот удар од енергетската криза кој го трпат граѓаните и помалите исредни претпријатија.

Една од важните мерки со кои ЕУ ќе му помогне на регионот се и 560 милиони евра кои се наменети преку ИПА 3 за зајакнување на земјоделството и производството на храната.

Една од целите на овој самит е и усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика како и заедничката борба против руската машинерија за дезинформации како главно оружје на Кремљ за зголемување на неговото влијание на Балканот.

Во секој случај од Тирана денеска ќе има добри вести. Надежта дека комираниот процес на проширувањето ќе реагира на оваа терапија е зголемена. Прашањето е дали доколку овој пациент навистина стане на нозе ќе има и работа со оглед на се компликуваните состојби во однос на европските интегарции во земјите како Србија, Црна Гора , Боса и Косово. Во таа смисла Албанија и Македонија, доколку успеат да ја препознаат и искористат оваа шанса имаат големи изгледи да застанат на челото на балканската колона на патот кон Брисел.

Добар дел од земјите членки на ЕУ е искрен во намерите да се забрза балканската рута кон Европа, но ги има и такви со цинична поддршка за овие надежи разбудени во Тирана кои сметаат дека ќе нема кој да ги искористи.

Извор: НоваТВ

 

Tags: ЕУпроширувањесамит ЕУ Западен БалканТирана
Next Post
Фото: Фронтлајн

(ВИДЕО) Градот тивок, градот блокиран

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk